Свет
Грција му се закани со вето на Исланд поради Македонија

Грција му се закани и на Исланд со вето на патот кон Европската унија (ЕУ), поради документарен филм за проблемот на Македонија со името.
Грција му се закани и на Исланд со вето на патот кон Европската унија (ЕУ), поради документарен филм за проблемот на Македонија со името.
Промоција на документарниот филм „Име си е име“ на исландскиот режисер Сигурјон Еинарсон, во кој Македонците се претставени како заложници на своето име, е откажана по силниот притисок на високи грчки дипломати.
Според скопската телевизија Канал 5, на исландскиот амбасадор му било укажано дека Грција ќе направи сè за да го блокира пристапот на неговата држава во ЕУ, ако се осмели да го прикаже филмот.
Инцидентот за Канал 5 го потврдил и режисерот на филмот, Еинарсон.
„Единствено нешто што амбасадорот ми кажа е дека бил контактиран од грчките власти и тие направиле нешто со што навистина го уплашиле да го прикаже филмот“, изјави Еинарсон.
Исландски патеписец во филмот ги прикажува убавините на Македонија, но воедно тој ја согледува и вистината за земјата преку нејзините луѓе и нејзиното историско и културно природно наследство.
Фокусот на филмот е во тоа како Македонија и Македонците неправедно се заложници поради своето име. Еинаросон вели дека овој инцидент нема да го сопре во понатамошното презентирање на филмот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Фото) Аеродромот во Загреб затворен за сообраќај – мал авион слета надвор од пистата

Аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб денеска попладне беше затворен за секаков воздушен сообраќај поради инцидент со приватен авион кој се излизгал од пистата, пишува Индекс.
Како што потврдија од аеродромските служби, инцидентот се случил околу 15:21 часот, при слетување на приватен авион од типот Cessna 525. Леталото при слетување проклизнало и завршило на тревната површина покрај пистата.
Според информации од авиокомпанијата, авионот бил празен и во инцидентот нема повредени.
Во моментот се преземаат мерки за отстранување на леталото од пистата, а аеродромот останува затворен до понатамошно известување.
Од Аеродромот „Фрањо Туѓман“ се извинија на патниците за доцнењата на пристигнувачките и поаѓачките летови и најавија дека јавноста ќе биде навремено информирана кога сообраќајот повторно ќе биде воспоставен.
Свет
Масовни протести во Шпанија против корупција

Повеќе од десетици илјади луѓе се собраа денес во Мадрид на демонстрации организирани од главната конзервативна опозициска партија, против владата на социјалистичкиот премиер Педро Санчез, обвинувајќи ја за корупција.
Демонстрантите се собраа на Шпанскиот плоштад во центарот на главниот град, велејќи му на Санчез да „поднесе оставка“.
Народната партија го свика собирот откако протечените аудио снимки наводно покажуваат дека член на Социјалистичката партија води кампања за клевета против полициска единица што истражува обвинувања за корупција, во која наводно се вклучени сопругата, братот и поранешната десна рака на Педро Санчез.
Социјалистичката членка ги негираше обвинувањата, кажувајќи им на новинарите дека спроведувала истражување за книгата и дека не работи во име на партијата или на Педро Санчез, а потоа ја напуштила Социјалистичката партија.
Лидерот на Народната партија, Алберто Нуњез Феихо, ја обвини владата за „мафијашки практики“ во аферата, тврдејќи дека Санчез е во центарот на повеќе корупциски скандали.
Народната партија процени дека повеќе од 100.000 луѓе присуствувале на денешниот митинг под слоганот „Мафија или демократија“.
Владин претставник во Мадрид процени дека на демонстрациите имало помеѓу 45.000 и 50.000 луѓе.
Свет
Тропската бура Барбара се формираше покрај брегот на Мексико

Тропската бура Барбара се формираше покрај југозападниот брег на Мексико, соопшти Националниот центар за урагани во Мајами рано утрово. Не се издадени предупредувања за крајбрежна опасност.
Брзината на ветерот беше околу 75 километри на час со повремени силни налети. Се очекува бурата да прерасне во ураган во понеделник.
Во делови од мексиканските држави Гереро, Мичоакан, Колима и Халиско можни се обилни врнежи од дожд од 5 до 10 сантиметри, а на некои места и до 15 сантиметри. Врнежите од дожд можат да доведат до поплави и лизгање на земјиштето.