Контакт

Свет

Пет милиони лица во ЕУ вакцинирани од новиот грип

Објавено пред

Пет милиони лица во Европската унија(ЕУ) веќе се вакцинирани од новиот грип, соопшти Европската агенција за лекови.

dobivaj vesti na viber

Пет милиони лица во Европската унија(ЕУ) веќе се вакцинирани од новиот грип, соопшти Европската агенција за лекови.

Во соопштението се потврдува ефективноста и безбедноста на пандемичните вакцини против грипот Х1Н1 и веќе се препорачува употреба на само една доза од двете вакцини кои во моментот се користат, наместо претходните препораки за две дози.

Агенцијата дополнува дека несаканите ефекти од вакцините Фосетриа на Новартис и Пандемрикс на ГраксоСмит Клајн, како и од вакцината Селвапан на Бакстер се многу мали.

За мали деца и луѓе со слабо здравје и натаму се препорачува двојна доза на вакцината, за да биде гарантирано дека нивниот имунолошки систем одговара соодветно на вакцинацијата./крај/бг/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Џулијани: Пресудата против Додик е политички прогон, напад на човековите права и слободата на говорот

Објавено пред

Рудолф Џулијани, поранешен градоначалник на Њујорк, адвокат и пријател на Доналд Трамп, рече дека е јасно дека првостепената пресуда на Судот на Босна и Херцеговина изречена против претседателот на Република Српска е политички прогон.

dobivaj vesti na viber

„Кога ќе ја погледнете пресудата против Додик, која имав можност да ја прочитам, иако не толку детално како што би сакал, бидејќи немав толку време, јасно е дека тоа е дел од политичкиот прогон што го спроведуваат демократите, Бајден и левичарите кои се наклонети кон комунизмот, луѓе кои не ја почитуваат слободата на говорот и постојано го газат, а во исто време ги обвинуваат своите противници дека се неонацисти и фашисти.

А, всушност, токму тие прават фашистички и неонацистички работи“, рече Џулијани, кој во моментот на пресудата на Судот на БиХ против претседателот Додик беше во Република Српска. Како што додава тој, овој случај се однесува на различното толкување на Додик на договорот со кој се регулира позицијата на Република Српска.

Џулијани жестоко го нападна и Стејт департментот поради пресудата против претседателот на Српска. „И тогаш, помалку од 24 часа по пресудата, американскиот Стејт департмент ја поддржа. Не го ни прочитаа како што треба, па ја изразија својата поддршка за Дејтонскиот договор. Ова е класичен пример за тоа што не е во ред со нашата надворешна политика и Стејт департментот со години“, рече Џулијани.

Тој потсети и дека Додик многупати им понудил соработка на сараевските политичари „Тој често бил подготвен да соработува со Сараево, повеќе од некои други српски лидери кои се посилни поборници за независност или обединување со Србија. Затоа што Србите се Срби, нели?

Но, наместо да им ја дадат својата земја, идеолозите на Клинтон кои владеат со Америка и Западна Европа решија да направат проблеми. Наместо да се поделат, тие ставија голем број Срби под контрола на муслиманската влада во ситуација кога дури и процентот на муслимани како мнозинство е сомнителен“, јасен е Џулијани, пренесува Танјуг.

Џулијани додава дека пресудата е напад на човековите права и слободата на говорот. „Ова е уште еден пример за напад врз слободата на говорот и основните човекови права, а Стејт департментот не само што е на погрешна страна, туку може да се смета и за креатор на Босна и Херцеговина, која подоцна стана рај за исламските екстремисти кои убиваа Американци“, рече Џулијани, пренесе РТРС.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Прогласено највисокото ниво на тревога на остров во близина на Мадагаскар: доаѓа циклон со налети од 200 километри на час, на граѓаните им е забрането да се движат

Објавено пред

Властите на француската прекуморска територија Реунион во Индискиот Океан денеска издадоа највисоко ниво на предупредување, додека циклонот Гаранс со налети од 200 километри на час се приближува до островот во близина на Мадагаскар.

dobivaj vesti na viber

Се очекува центарот на бурата да зафати голем дел од северниот дел на островот, а најсилните ветрови ќе дуваат меѓу главниот град Сен Дени и градот Сен Лео, се наведува во соопштението на локалната администрација, пренесува Ројтерс.


„Со оглед на опасноста од приближување на циклонот, префектот на Реунион издаде виолетово (највисоко) предупредување“, соопшти администрацијата.

Во четвртокот францускиот претседател Емануел Макрон ги повика жителите да бидат внимателни и да ги следат безбедносните упатства.

Управата на островот вчера издаде црвено предупредување, што значи дека е дозволено движење на полицијата и итните служби, а времето значително се влоши во текот на ноќта.

На сегашниот пат, циклонот се очекува да помине на 50 километри од островот меѓу четврток навечер и петок наутро, се вели во соопштението на префектурата.

Метеоролошката служба Метео-Франс предупреди дека може да има „директен удар“ на Реунион, повикувајќи го своето население да остане во затворен простор.

Училиштата се затворени од средата попладне. Илјадници луѓе на островот купија основни производи пред очекуваното затворање, формирајќи долги редици во продавниците.

„Мислев дека имам доволно време да пазарам, но згрешив“, рече еден клиент, Френк Витри, складирајќи флаширана вода во супермаркет, западно од островот.

Ми требаа 30 секунди да дојдам до вода, а јас чекав во ред да платам 10 минути“, воздивна тој, пренесува France24.

Други купуваа свеќи, батерии и конзервирана храна и ги наполнија своите возила.

Маурициус го затвори главниот аеродром во средата, додека блискиот француски остров Реунион требаше да го стори истото во четврток.

Метеоролошката служба на Маурициус соопшти дека циклонот се наоѓа на 310 километри северозападно од островот и дека станал „интензивна тропска бура“.

Циклонот „опасно се приближува до Маурициус и претставува директна закана“, се наведува во соопштението и се додава дека се очекуваат поплави.

Прикажи повеќе...

Свет

Зеленски пристигна во Вашингтон, ќе потпише клучен договор

Објавено пред

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Вашингтон, каде се очекува да потпише важен договор за минерали со американскиот претседател Доналд Трамп.

dobivaj vesti na viber

Сè уште не се познати сите клучни детали од договорот што Доналд Трамп и Володимир Зеленски ќе го потпишат денеска.

Украинскиот премиер Денис Шмихал вчера изјави дека прелиминарниот договор предвидува формирање „инвестициски фонд“ за обнова на Украина. Фондот заеднички би бил управуван од Киев и Вашингтон „на еднакви услови“, при што Украина во него ќе инвестира 50 отсто од идните приходи од минералните ресурси на државата, нафтата и гасот, а средствата потоа ќе се користат за проекти во земјата.

Зеленски го потврди постоењето на фондот, но за Би-Би-Си изјави дека е „прерано да се зборува за пари“. „Њујорк тајмс“ наведува, повикувајќи се на нацрт-договор, дека САД ќе поседуваат најголем можен удел во фондот според американскиот закон, но не нужно и целиот фонд.

Според извештаите, Вашингтон првично барал украински минерални ресурси во вредност од 500 милијарди долари, што Киев го одбил, а тоа барање подоцна било повлечено. Зеленски се залага договорот да вклучи силна американска безбедносна гаранција, но Трамп вчера посочи дека самиот договор може да послужи како форма на заштита за Украина.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Мицкоски патува во Турција, ќе се сретне со Ердоган

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски патува во посета на Република Турција. Претседателот на Владата ќе...

Топ1 час

Кривична против директор на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид за злоупотреба на службената положба

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.С.(48), директор на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид, поради постоење...

Свет3 часа

(Видео) Зеленски денеска пристигнува во Белата куќа, Трамп не се сеќава дека го нарекол диктатор

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека има „голема почит“ за украинскиот претседател Володимир Зеленски пред нивниот состанок во Белата куќа....

Свет4 часа

Објавени документите за Епстејн, обвинителката: Ги има илјадници, ФБИ не ги испрати

Јавниот обвинител Пем Бонди објави документи за Џефри Епстејн. Како што претходно беше најавено, во документите нема нови информации или...

Свет4 часа

Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун нареди целосна подготвеност за користење на капацитетите за нуклеарни напади, објавија денеска државните медиуми. Џонг...

Македонија15 часа

Кривична пријава за 10 лица: Поранешен директор и затворски полицајци обвинети за бегство на осудени лица

На 24.02.2025 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава до ОЈО за ГОКК против десет лица...

Македонија17 часа

Јас имам два сина и знам колку троши 4-члено семејство: Димитриеска-Кочоска со навреди до Петровска

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска ја навреди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска, велејќи дека нема право да зборува за...

Македонија20 часа

Мицкоски: Коцевски доби шанса, но освен внатрешни пресметки во Обвинителството и браник на минатата власт, друго не видовме

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратеничка прашања истакна дека на јавниот обвинител Љупчо Коцевски му...

Македонија21 час

„Во Стоматолошката комора владее целосен тоталитаризам и самоволие“: Стоматолозите бараат оставка од Денковски

Стоматолозите се загрижени за актуелните случувања во Стоматолошката комора на Македонија под водство на Маријан Денковски. Неговите одлуки и политики,...

Македонија21 час

Трајановски не може да даде оставка оти е разрешен пред три месеци, велат од Град Скопје

Александар Трајановски не ја извршува функцијата заменик-градоначалник на град Скопје повеќе од три месеци, тврди Град Скопје. Оттука, како што...

Македонија23 часа

МНР: Амбасадорите се известени, Сиљановска ќе го потпише указот за нивното отповикување

Министерството за надворешни работи ја појасни постапката за отповикување на амбасадорите. Од тука информираа дека се во редовна и континуирана комуникација...

Македонија23 часа

Наредено уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо од Полска

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведниот вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980...

Македонија24 часа

Отповикани осум амбасадори, кои беа назначени од Стево Пендаровски

Повлечени се осум амбасадори, кои беа назначени од поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски. Отповикани се амбасадорите Мето Белески –...

Македонија24 часа

Голема полициска акција, претреси на повеќе локации во Скопје

Затворски полицајци и дел од поранешното раководство на затворот во Шуто Оризари се под истрага за злоупотреби. Обвинителството потврди дека...

Топ1 ден

(Фото) Откриена и одземена поголема количина прехранбени производи во близина на Танушевци

На 25.02.2025 во 14.30 часот во близина на село Танушевци, скопско, при преземање мерки и активности, полициски службеници од Полициската...

Топ1 ден

Двајца 14-годишни малолетници од Скопје испраќале лажни закани за бомби во училишта

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното...

Европа1 ден

Стармер: Сè уште сме во разговори за евентуално испраќање британски војници во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер повторно повика на американска безбедносна гаранција за Украина за да спречи нов руски напад додека се...

Свет1 ден

Хамас предаде четири тела на израелски заложници во замена за палестински затвореници

Хамас ги предаде телата на четворица израелски заложници во ноќна размена на палестински затвореници, објави „Ројтерс“. Израел прими четири тела,...

Свет1 ден

Северна Кореја испраќа повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

Северна Кореја распореди дополнителни сили во Русија, но големината на контингентот се уште не е позната, објавија утрово јужнокорејските медиуми,...

Свет1 ден

Трамп: Украина може да заборави на влезот во НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на седницата на американската влада, дека Украина „може да заборави“ на влезот во...