Свет
Осум ученици загинаа во стампедо во Кина

Осум ученици загинаа, а 26 се повредени во човечко стампедо на скалите во приватно средно училиште во градот Ксијанксијанг, јавуваат кинеските медиуми.
Осум ученици загинаа, а 26 се повредени во човечко стампедо на скалите во приватно средно училиште во градот Ксијанксијанг, јавуваат кинеските медиуми. Излегувајќи по наставата синоќа по локално време, околу 400 ученици се симнувале по скалите широки само нешто повеќе од 1 метар, кога неколку од нив изгубиле рамнотежа, паднале и предизвикале домино ефект. Загинатите седум момчиња и едно девојче се на возраст меѓу 11 и 14 години. Тешко повредените се пренесени во локалната болница. Стампедата во кинеските училишта не се реткост, пишуваат кинеските медиуми. Во 2002 година 21 дете загинаа средно училиште во северна Кина загинаа кога скалите по кои се движеле се срушиле. /крај/хи/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Идентификувани останките од три жртви од нападите на 11 септември

Останките од три жртви од нападите на 11 септември се идентификувани благодарение на напредокот во ДНК технологијата.
Службениците во четврток објавија дека ги идентификувале останките на 26-годишниот трговец со валути Рајан Д. Фицџералд, 72-годишната пензионирана директорка на непрофитна организација Барбара А. Китинг и уште една жена, чие име се чува во тајност на барање на нејзиното семејство.
Останките се идентификувани преку подобрено ДНК тестирање на останките пронајдени во урнатините по нападите на 11 септември 2001 година, соопшти канцеларијата на медицинскиот испитувач во Њујорк. Останките на Китинг и жената, чиј идентитет не е објавен, се пронајдени во 2001 година, а останките на Фицџералд се пронајдени следната година.
Китинг се враќала дома во Калифорнија со летот на „Американ ерлајнс“ кога членови на Ал Каеда го киднапирааа и намерно го удрија во северната кула на Светскиот трговски центар. Парче од нејзината банкарска картичка било пронајдено во остатоците.
Во нападите од 11 септември, два авиона се урнаа во Кулите Близначки во Њујорк, трет се урна во Пентагон, а четвртиот се урна во Пенсилванија. Вкупно 2.977 луѓе загинаа, од кои 2.753 во Њујорк. Околу 1.100 жртви остануваат неидентификувани, соопшти канцеларијата на медицинскиот испитувач.
Во 24-те години од терористичките напади, нови останки се идентификувани благодарение на напредокот во технологијата.
Свет
Зошто Американците не го апсат Путин?

Кога рускиот претседател Владимир Путин ќе отпатува во Алјаска следната недела за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, тој ќе може да го стори тоа без страв од апсење. Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на Путин во 2023 година, но ниту Русија ниту САД не се потписници на Римскиот статут, со кој е основан судот во 2002 година.
МКС го обвини рускиот лидер за воено злосторство за нелегално депортирање деца од окупираните територии на Украина во Русија. Кремљ ги нарече постапките на судот „скандалозни и неприфатливи“.
Путин беше претпазлив во врска со своите патувања откако беше издаден налогот за апсење. Во 2023 година, тој одби покана за самит во Јужна Африка. Сепак, истата година, тој отпатува во Монголија, потписничка на Римскиот статут.
Монголија тврдеше дека според член 98 од Римскиот статут, државата не може „да дејствува спротивно на своите обврски според меѓународното право во однос на (…) дипломатскиот имунитет на лице“. Монголските власти тврдеа дека Путин, како руски лидер, ужива апсолутен имунитет освен ако Русија не се откаже од него.
МКС се потпира на земјите-членки да апсат и екстрадираат осомничени во Хаг, каде што се наоѓа. Путин ги посети Кина и Северна Кореја во 2024 година, две земји кои немаат договор со МКС.
Свет
Пратеникот на Трамп погрешно ги разбрал условите на Путин за мир, пишува „Билд“

Стив Виткоф, специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, погрешно ги разбрал условите на Русија за прекин на огнот во Украина за време на средбата оваа недела со рускиот претседател Владимир Путин, пишува „Билд“.
Германскиот таблоид наведува дека Русија не се откажала од своето барање за целосна контрола врз Крим и регионите Донецк, Запорожје, Луганск и Херсон пред прекин на огнот.
Според мировните предлози што протекоа во медиумите, Путин е подготвен да разговара за прекин на огнот само по повлекувањето на украинските сили од регионите Донецк и Луганск.
Извори на „Билд“ тврдат дека овие медиумски написи би можеле да бидат резултат на погрешно толкување на она што го кажал Путин за „мирно повлекување“ од регионите Херсон и Запорожје. Русија бара повлекување на украинските сили од тие области, но Виткоф сметал дека предлогот е руските сили да се повлечат оттаму.
„Виткоф не знае за што зборува“, германски таблоид цитираше анонимен украински функционер.
Трамп ја предложи можноста за размена на територии меѓу Русија и Украина. Тој призна дека ситуацијата е комплицирана, но исто така најави дека преговорите ќе имаат за цел враќање на одредени територии на Украина, како и размена на територии во корист на двете страни.
Трамп ќе се сретне со Путин на 15 август во Алјаска. CBS News тврди дека постои можност да им се придружи украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој претходно денес повтори дека Украина нема да ја предаде својата територија на руските окупатори.