Свет
Сорос – Финансиската дупка може да го урне Копенхаген
Десетте милијарди долари што богатите земји треба да ги инвестираат во сиромашните, за да се адаптираат на климатските промени не се доволни за решавање на проблемот.
Десетте милијарди долари што богатите земји треба да ги инвестираат во сиромашните, за да се адаптираат на климатските промени не се доволни за решавање на проблемот.
Ова денеска го истакна американскиот милијардер-филантропист Џорџ Сорос и додаде дека разликата меѓу тоа што се нуди и тоа што е потребно може да ги сруши очекувањата од конференцијата во Копенхаген.
Тој за медиумите изјави дека развил делумно решение за проблемот
Сорос предложи пренасочување на средства од Меѓународниот монетарен фонд, што ќе овозможи ликвидност на глобалниот економски систем и развој на земјите во насока на производство на чиста енергија и адаптирање на климатските промени.
Според Сорос, финансиска инјекција од близу 100 милијарди долари може да биде решение за проблемот, но тој посочи дека главната пречка е во Вашингтон.
Можно е постојано зголемување на сумата за борба против климатските промени.
“Скратувањето на овие средства е израз на нечија политичка волја. За жал политичка волја ќе биде тешко да се собере бидејќи ваквото решение треба да помине во Конгресот на САД”, истакна Сорос./крај/ап/вм
Документот од Копенхаген предизвика бес кај земјите во развој>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шведска ја прекинува помошта за посиромашните земји, парите ќе бидат пренасочени кон Украина
Шведска ќе ја прекине помошта за развој за пет земји во наредните години и ќе ги искористи парите за да ја зголеми поддршката за Украина, објави шведската влада.
Скандинавската земја планира постепено да ја укине помошта за Зимбабве, Танзанија, Мозамбик, Либерија и Боливија, изјави министерот за меѓународна развојна соработка и надворешна трговија Бенџамин Дуса.
„Украина е најважниот приоритет на Шведска во надворешната политика и развојот, и затоа владата планира да ја зголеми помошта за Украина на најмалку 10 милијарди круни (910 милиони евра) во 2026 година“, рече Дуса.
Владата соопшти дека мерките ќе ослободат повеќе од две милијарди круни во текот на следните две години кои би можеле да бидат пренасочени кон Украина, за да се користат во проекти како што е обновата на енергетската инфраструктура на земјата.
Шведска веќе ја намали помошта за повеќе од 10 земји откако сегашната влада ја презеде власта во 2022 година, вклучувајќи ги Буркина Фасо и Мали.
Шведска е главен донатор на хуманитарна помош, со буџет што достигнува 56 милијарди круни годишно за овие цели во последните три години.
Свет
Германија воведува доброволна воена служба, ќе трае шест месеци, платата е 2.600 евра
Бундестагот го одобри повторното воведување делумна воена регрутација со цел да се зголеми составот на вооружените сили како одговор на новите безбедносни предизвици.
„Слободите во демократијата не се бранат сами од себе. Ова мора да го прават луѓе што се подготвени да се залагаат за овие слободи, а не оние што седат зад оградата и чекаат некој друг да го стори тоа наместо нив“, рече германскиот министер за одбрана Борис Писториус (Социјалдемократска партија на Германија, СПД) во дебатата пред гласањето.
Според новиот закон, воената регрутација ќе се базира на доброволна основа. Во случај да не се појават доволно доброволни регрути во одредени години, Бундестагот би можел да воведе таканаречена воена регрутација на краткорочна основа.
Ќе се воведе и задолжителен прашалник за подготвеност за воена служба и воени способности, кој ќе го пополнуваат членови на одредена генерација, кои наполниле 18 години. Пополнувањето на овој формулар е задолжително само за млади мажи.
Според договорот на ниво на НАТО, Германија се обврзала да има 260.000 активни војници во германската армија, Бундесверот. Моментно во Бундесверот служат 185.000 регрути.
Доброволната воена служба би траела шест месеци и би обезбедувала месечна плата од 2.600 евра.
Денеска наутро, за време на дебатата во Бундестагот, во цела Германија се одржаа протести против повторното воведување на регрутацијата. Протестите, на кои главно учествуваа средношколци, се одржаа со слоганот „Не сакаме да бидеме топовско месо“.
Регрутацијата беше укината во Германија во 2011 година поради уставни пречки.
Свет
Гринкевич: НАТО ќе се справи во Европа и со помалку американски војници
Врховниот командант на НАТО во Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич, изјави дека верува оти Европа ќе се справи добро, дури и со помалку американски војници на Стариот континент.
„Европа нема да има проблеми, дури и ако САД повлечат дел од своите сили“, рече Гринкевич, пренесува „Политико“.
Како што вели тој, Европа и Канада имаат доволно капацитети, а НАТО е подготвен за секоја криза.
Според него, политичките недоразбирања не влијаеле на оперативната подготвеност на НАТО, а зголемените европски инвестиции дополнително ќе ја зајакнат одбраната, дури и ако САД повлечат повеќе војници.
Гринкевич додаде дека постои ризик Русија да се обиде со колективна одбрана на НАТО во блиска иднина, а предупреди и за долгорочната опасност, пренесува „Танјуг“.
Тој вели дека хибридните напади се сериозен проблем и дека НАТО разгледува поактивни одговори, иако не даде детали. „Политико“ проценува дека овие изјави доаѓаат во време кога се очекува новата стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп, која би можела да доведе до повлекување на дел од американските трупи од Европа и пренасочување кон Индо-Пацификот.
Како поткрепа на ова тврдење, „Политико“ ја наведува одлуката на Вашингтон да повлече 800 војници од Романија минатиот месец, што предизвика негодување во Букурешт.
Фото: ЕПА

