Свет
Пакистанската војска уби 22 талибанци на авганистанската граница

Најмалку 22 бунтовници уби пакистанската војска во регионот Курам на границата со Авганистан, јавува телевизијата Geo News.
Најмалку 22 бунтовници уби пакистанската војска во регионот Курам на границата со Авганистан, јавува телевизијата Geo News.Пакистанските сили со помош на артилеријата и борбени авиони нападнаа бунтовници во Курам и уништија 10 нивни засолништа. Во саботата навечер биле ликвидирани 15 талибанци, а во недела наутро уште седум. Борбите што се водат се жестоки поради силниот талибански отпор, а според податоците на разузнавачката служба, во борбите загинаа и пет војници. Пакистанската војска во средината на октомври започна голема офанзива во Јужен Вазиристан на границата со Авганистан, каде, според владините податоци, загинале над 600 талибанци. Офанзивата беше една од најголемите акции на пакистанската војска, во која учествуваа околу 30 000 војници. Поради офанзивата во Јужен Вазиристан, голем дел од талибанците пребегаа во регионите Курам и Оракзаи, во Северен Вазиристан./крај/хи/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Фицо: Не поддржувам војна, ниту воена и финансиска поддршка за Украина

„Одбивам да ја поддржам војната во Украина и затоа не се согласувам со воена или финансиска поддршка за таа земја“, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.
„Ако Европската унија одлучи да продолжи да обезбедува огромна финансиска и воена поддршка за Украина, тоа може да го направи само на билатерална основа“, рече Фицо.
Тој додаде дека Словачка не верува во стратегијата за постигнување мир со воена сила.
Таа стратегија, како што рече, се покажала неуспешна во последните три години.
Свет
Железничката станица во Виена е евакуирана поради закана за бомба

Полицијата ја расчисти и евакуираше главната железничка станица во Виена поради неодредена закана, а железничките услуги се прекинати, објавија полицијата и националната железничка компанија ОББ.
Полицијата не извести каква е можната закана, но таблоидот Heute објави дека се работи за закана со бомба, пренесува N1.
Австрија минатата година претрпе серија лажни закани за бомби кои привремено ги затворија главните железнички станици, предизвикувајќи постојано одложување на железничките услуги.
„Во тек е голема полициска акција на централната станица во Виена. Откако се дозна за заканата, станицата се евакуира“, напишала виенската полиција на мрежата Х, повикувајќи ја јавноста да избегнува непотребни патувања и престој во близина на областа.
Полицијата соопшти дека се прекинати и другите облици на јавен превоз што минуваат низ споменатиот дел од градот, а станицата е центар за метро, трамваи и автобуси.
Свет
Мерц: Конфликтот Трамп-Зеленски беше намерна ескалација

Јавниот судир меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа беше „намерна ескалација“, изјави денеска германскиот победник на изборите Фридрих Мерц.
„Ова не беше спонтана реакција на интервенциите на Зеленски, туку очигледно намерна ескалација на состанокот во Овалната соба“, рече Мерц на прес-конференција во Хамбург.
Тој изјави дека Европа е под притисок да реагира брзо.
Мерц изјави дека во моментов не планира патување во САД. Тоа ќе го направи дури откако ќе биде избран за канцелар во Бундестагот. Во исто време, тој го бранеше канцеларот Олаф Шолц (СПД) од критиките за неговата улога на самитот на западните шефови на држави и влади во Лондон.
Вообичаено, прес-средбите останоците во Овалната соба траат само неколку минути – во петокот тоа беше поинаку, рече Мерц. Тој додаде: „Бев донекаде изненаден, исто така и од меѓусебниот тон. Тоа не помогна на работата“. Сепак, тој се залага „да направиме сѐ што можеме за да ги задржиме Американците во Европа“, рече тој на позадината на шпекулациите дека Трамп би можел да повлече делови од американските трупи од Германија.