Свет
Сантата мраз почна да се топи
Австралиската џиновската санта мраз што се распаѓа на делови, создавајќи илјадници мали плочки од лед што се шират во океанот.
Австралиската џиновската санта мраз почна да се распаѓа на делови, создавајќи илјадници мали плочки од лед што се шират во океанот.
Сантата со површина од 140 квадратни метри , позната како Б17Б, најпрво беше забележана на 1.700 километри југозападно од Австралија пред точно шест дена предизвикувајќи паника меѓу бродовите што пловеа во водите.
Б17Б пловејќи во североисточен правец полека се топеше и површината и се намали до 115 квадратни километри, што е околу двапати повеќе од Менхетен.
“Сега има голем број помали санти што се издвоија од Б17Б, кои се протегаат и до неколку километри во должина зафаќајќи огромна површина од океанот”, соопшти глациологот Нил Јанг од Австралиската Антарктичка Дивизија.
Јанг кој ја следеше сантата лед, по пат на сателитски снимки од НАСА и европската вселенска станица, рече дека сантатa зафаќала 400 квадратни километри и имала висина од 40 метри висина во моментот кога се издвоила од Антартикот.
Доколку ги видите првите сателитски фотографии ќе забележевте дека изгледа како чудовиште, рече Јанг и додаде дека очекува за две до три недели сантата мраз целосно да се истопи.
“Сантата заплива во потопли води и почнува да се топи од дното што е добар знак дека целосно ќе се раствори во океанот”, додал Јанг.крај/вм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нереди во Багдад, демонтранти на улиците бесни поради смртта на Хамнеи
Демонстранти во Багдад се обиделе да упаднат во строго чуваната Зелена зона, каде што се наоѓа и американската амбасада, како реакција на убиството на иранскиот врховен водач, пренесува Си-Ен-Ен.
Судири избиле на Мостот 14 Јули, кој води кон Зелената зона. Според снимка до која дошол медиумот, се гледаат блесоци и чад, по што демонстрантите се повлекле.
🇮🇶🇺🇸🇮🇷 – IRAK / ETATS-UNIS / IRAN
🔸Affrontements violents dans la Green Zone à Bagdad en Irak avec des manifestants anti-US. https://t.co/xJwR8wkYMQ pic.twitter.com/qgDiLal9ml
— NEXUS (@nexus_osint) March 1, 2026
Истовремено, протести се одржале и во јужните покраини Ди Кар и Басра, каде што граѓаните марширале и скандирале.
Ирачката влада прогласи тридневна жалост и изрази сочувство до Иран. Владата соопшти дека заедничкиот американско-израелски напад врз Иран бил „очигледен чин на агресија и дело вредно за осуда што ги крши сите хуманитарни и морални норми“.
Македонија
Денес во 18 часот состанок на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за денеска закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18:00 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.
Советот за безбедност е највисокото советодавно тело во државата, коешто ги разгледува прашањата сврзани со безбедноста и одбраната на Републиката и дава предлози на Собранието и на Владата.
Претседател на Советот за безбедност е претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Членови на Советот за безбедност се: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија, како и Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов.
Свет
Судири во близина на американската амбасада во Багдад
Демонстрантите во ирачкиот главен град Багдад денеска се обидоа да влезат во владиниот кварт кој е под силно обезбедување, каде што се наоѓа американската амбасада, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи.
Според очевидци, стотици луѓе се собрале на протест на влезот во таканаречената „Зелена зона“. Безбедносните сили насилно ја растерале толпата, пренесе ДПА.
Демонстрантите се обиделе да ги пробијат безбедносните бариери за да стигнат до американската амбасада во рамките на Зелената зона.
Очевидци изјавија дека безбедносните сили користеле палки, вистинска муниција, солзавец и водени топови за да ги растераат демонстрантите.

