Свет
Фатени 47 трговци на бебиња
Спасени се 21 бебе во акција на шангајската полиција при што се фатени 47 трговци со деца. Во ланецот на акцијата која започнала уште минатата пролет во пет кинески провинции, полицијата открила голем ланец на трговци на бебиња.
Спасени се 21 бебе во акција на шангајската полиција при што се фатени 47 трговци со деца.
Во ланецот на акцијата која започнала уште минатата пролет во пет кинески провинции, полицијата открила голем ланец на трговци на бебиња.
Трговците ги киднапирале бебињата во југозападниот дел на земјата во провинцијата Јунан, а потоа со воз биле транспортирани на исток во провинциите Дијангу и Шандог.
Црниот пазар на бебиња во Кина е широко распространет, особено на машки деца, бидејќи во кинеската традиција тие претставуваат гордост на семејството.
Министерство за јавна безбедност на Кина најави дека ќе воведе база на ДНК податоци која ќе треба да послужи во борбата против трговија со деца.
Базата на податоци ќе вклучува ДНК на родители и копии од генот на децата за кои постои сомневање дека се киднапиран.
Досега полицијата успеала да ослободи 2008 киднапирани деца и да реши 1.717 случај, од почетокот на акцијата, јавува кинески Пиплс Дејли.крај/бе/спд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

