Свет
Иран блиску до решението за правење на нуклеарна бомба

Шефот на израелското воено разузнавање Амос Јадлин изјави дека Иран направил голем напредок во правењето на нуклеарна бомба и дека е многу блиску до таа цел.Иран има доволно нуклеарен материјал за правење на ваква бомба, а кога ќе биде изработена точно не се знае
Шефот на израелското воено разузнавање Амос Јадлин изјави дека Иран направил голем напредок во правењето на нуклеарна бомба и дека е многу блиску до таа цел.Иран има доволно нуклеарен материјал за правење на ваква бомба, а кога ќе биде изработена точно не се знае, изјави Јадлин. Тој додаде дека Иран има голем “технолошки напредок”.Првиот човек на военото разузнавање за оваа работа ги извести израелските лидери. Познато е дека Јадлин многу ретко излегува во јавноста, а оваа изјава се толкува како длабока загриженост на Израел околу нуклеарна програма што ја развива Иран. /крај/б/бк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Итна седница поради планот на Израел за окупирање на градот Газа

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итна седница во врска со планот на Израел за заземање и трајно окупирање на градот Газа, соопштено е од седиштето на ОН во Њујорк.
Седницата, чие одржување го побараа пет земји – Данска, Франција, Грција, Велика Британија и Словенија, ќе почне во 10 часот наутро по локално време, односно во 15 часот по централноевропско време.
Според извори од Советот за безбедност, сите држави-членки, освен Соединетите Американски Држави, го поддржаа барањето за одржување на седницата.
Свет
Речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош пристигнаа во Газа

Израелската воена агенција која ја координира хуманитарната помош денеска соопшти дека во текот на изминатата недела, од палестинската страна на премините Керем Шалом и Зиким се собрани и дистрибуирани речиси 1.900 камиони со хуманитарна помош.
Како што се наведува, повеќе од 1.310 камиони што влегоа во Газа во текот на неделата превезуваа главно прехранбени производи, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Агенцијата, која работи во рамките на израелското Министерство за одбрана, наведува дека ќе продолжи да го олеснува доставувањето на хуманитарна помош до цивилното население во Газа, „но не и до Хамас“.
Свет
Конструктивен беше состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека состанокот на советниците за безбедност од Украина и нејзините партнери, што се одржа во Велика Британија, бил конструктивен.
Аргументите на Киев беа слушнати и опасностите беа земени предвид, додаде тој во своето вечерно обраќање до Украинците.
Зеленски истакна дека на средбата учествувале претставници на Велика Британија, САД, Франција, Германија, Италија, Финска и Полска, со цел консолидирање на позициите за постигнување примирје.
„Патот кон мирот за Украина треба да биде определен заедно и само заедно со Украина, тоа е клучен принцип“, нагласи украинскиот претседател.