Свет
Повеќе од 100 уапсени пред „Бела Центар“ во Копенхаген
Повеќе од 100 лица се уапсени во среда наутро пред „Бела Центар“ во Копенхаген, каде се одржува конференцијата за клима на ОН, изјави портпаролката на полицијата.„Демонстрантите се приведени во близина на станицата на подземната железница во предградието на Копенхаген“ додаде таа.
Повеќе од 100 лица се уапсени во среда наутро пред „Бела Центар“ во Копенхаген, каде се одржува конференцијата за клима на ОН, изјави портпаролката на полицијата.„Демонстрантите се приведени во близина на станицата на подземната железница во предградието на Копенхаген“ додаде таа.
Уапсените припаѓале на толпата демонстранти собрани во близина на Бела Центар, кои се обиделе да влезат од задната страна, зона затворена со жица долга шест километри.
„Наша цел е да влеземе без насилство по други патишта во Бела Центар“ изјави Петер Нилсен, портпарол на демонстрантите.
Околу 700 до 800 лица се обиделе да ги поминат неколкуте метри кои ја делат станицата на подземната железница од влезот на зоната, каде се одржува конференцијата. Демонстрантите се распрскале и се обиделе да ги дезорганизираат безбедносните сили, но безуспешно./крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

