Свет
Заменета претседателката на конференцијата во Копенхаген
Данската министерка за клима и енергија Кони Хедегард денеска ќе биде заменета на функцијата претседател на конференцијата за климатски промени што се одржува во
Данската министерка за клима и енергија Кони Хедегард денеска ќе биде заменета на функцијата претседател на конференцијата за климатски промени што се одржува во Копенхаген, јавија светските гласила.
Хедегард ќе биде заменета од премиерот на Данска, Ларс Лоеке Расмунсен, а замената засега е оценета како процедурална иако медиумите шпекулираат дека станува збор за оставка.
Министерката во вторникот порача дека постои шанса преговорите за климатските промени да завршат безуспешно.
Замената на претседателското столче доаѓа на денот кога свое обраќање на конференцијата е предвидено да има македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов.
Претседателот Иванов ќе присуствува на работниот ручек што за претседателите, премиерите и министрите го организира извршниот секретар на ОН задолжен за климата Иво де Бур.
Договорот од Копенхаген треба да преставува темел на новиот пакт за намалување на глобалното затоплување што ќе го замени протоколот од Кјото, чија важност истекува во 2012 година./крај/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

