Свет
Уапсени 65 мафијаши во Италија
Во две акции на италијанската полиција во средата во Сицилија и Калабрија запленета e стока вредна 200 милиони евра, а уапсени се над 60 лица, соопштија италијанските медиуми.
Во две акции на италијанската полиција во средата во Сицилија и Калабрија запленета e стока вредна 200 милиони евра, а уапсени се над 60 лица, соопштија италијанските медиуми. „Утрово над 400 карабињери во областа Палермо уапсија 65 лица, меѓу кои и четири малолетници“, изјави неименуван извор од полицијата. Постојат сомневања дека уапсените се дел од голема мрежа на трговци со дрога, во која учествуваат членови на неаполската и сицилијанската мафија и шпански трговци со дрога, додава изворот. Истрагата се води од 2008 година, кога во близината на Палермо бил уапсен дилер со 400 грама кокаин. Полицијата тогаш откри добро организирана мрежа за трговија на кокаин и хашиш што пристигнувала до Шпанија. Со нивни средства се финансирале семејствата на уапсените мафијаши како и организирање на грабежи на локални продавници и банки, а средства се издвојувале и за регрутирање на млади дилери на дрога./крај/бе/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

