Свет
КЗН: 2009 – најсмртоносна за новинарите во светот
Масакрот врз 30 медиумски работници во Филипините во месец ноември, по што вкупниот биланс на убиени новинари се искачи на 68, ја прави 2009 година најсмртоносна за новинарите во светот, објави Комисијата за заштита на новинарите.
Масакрот врз 30 медиумски работници во Филипините во месец ноември , по што вкупниот биланс на убиени новинари се искачи на 68, ја прави 2009 година најсмртоносна за новинарите во светот, објави Комисијата за заштита на новинарите. „Околу 75% од нив се убиени со умисла заради нивната работа, а во дури 85% од тие случаите нема покренато обвинение, вели Роберт Махони, заменик-директор на КЗН. Загрижувачката тенденција продолжува во Сомалија, каде девет новинари загинаа во воени услови, додава Махони. Четири загинати се регистрирани во Пакистан, што е втора на листата најопасни земји за новинарите. На трето место е Русија со тројца убиени претставници на медиумите. По двајца се убиени во Мексико и Шри Ланка. На црната листа на КЗН се наоѓаат и Авганистан, Колумбија, Салвадор, Индонезија, Кенија, Мадагаскар, Непал, Нигерија, окупираните палестински територии и Венецуела. /крај/бг/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.

