Свет
Почина актерката Британи Марфи
Актерката Британи Марфи почина во неделата на 32-годишна возраст во Лос Анџелес, најверојатно од срцев удар.
Актерката Британи Марфи почина во неделата на 32-годишна возраст во Лос Анџелес, кога срцето престанало да и работи.
Актерката била пренесена во болницата по повикот на нејзиниот сопруг Сајмон Монџек.
Помошник началникот Ед Винтер рече дека Марфи најверојатно се онесвестила додека се туширала.
Официјалната причина за смртта можеби нема да се открие за скоро време со оглед на токсиколошките тестови што се бараат, но „се чини дека се природни“ рече Винтер. Аутопсијата се планира за во понеделник или четврток.
Полицијата во Лос Анџелес отвори истрага за смртта на Марфи.
Актерката ќе остане запаметена по улоги во филмовите „Just Married“ „Clueless“, „Girl, Interrupted“, „8 Mile“, „Sin City“ „The Dead Girl“, „Uptown Girls“, „Riding in Cars with Boys“ и „Spun“. Крај/ап/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

