Свет
Стабилни цени на нафтата – над 73 долари
Цените на нафтата се стабилизираа во понеделник на меѓународните пазари. Достигнаа 73 долари за барел по што иранските трупи делумно се повлекоа од спорното нафтено подрачје во Ирак.
Цените на нафтата се стабилизираа во понеделник на меѓународните пазари. Достигнаа 73 долари за барел по што иранските трупи делумно се повлекоа од спорното нафтено подрачје во Ирак.
Цените за барел сурова нафта за испорака во јануари паднаа за 14 центи на 73,22 долари. На пазарот во Лондон биле во плус 25 центи и изнесуваа 74,02 долари.
Портпаролот на ирачката влада Али ал Дабах во недела изјави дека рекол дека група ирански војници кои минатата недела ги превзеле изворите на нафта во регионот долж иранско – ирачката граница повеќе не го контролираат изворот кој Ирак го смета како дел од своето нафтено поле.
„Иако тој инцидент предизвика страв, не му пречеше на производството, тоа не е фактор кој ќе произведе влијанија во цената на нафтата“ рекол Кен Хасегава од компанијата Newedge од Токио.
Обилните врнежи и ниските температури на североистокот од Америка и Европа ги поместија цените на нафтата. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

