Свет
Завеан аеродромот во Франкфурт

Повеќе од осум илјади патници ноќта ја поминаа на аеродромот во Франкфурт, откако ледот и мразот го парализираа најголемиот аеродром во Европа.
Повеќе од осум илјади патници ноќта ја поминаа на аеродромот во Франкфурт, откако ледот и мразот го парализираа најголемиот аеродром во Европа.
Според информациите на Управата, аеродромот бил затворен во понеделник во 22.45 часот, поради штo биле откажани 90 летови.
Околу 5.000 луѓе биле сместени во хотели од страна на авиокомпаниите чии летови биле откажани, додека за останатите 3.000 луѓе биле поставени 1.500 полски кревети. Стотина патници ноќта ја поминале спиејќи во авионите паркирани на пистата.
И покрај големиот број откажани летови, Управата на аеродромот соопштила дека немало никаква тензија меѓу патниците и дека ноќта поминала релативно опуштено.
Во понеделник од аеродромот во Франкфурт беа откажани 230 летови, а утринава аеродромот е повторно отворен за сообраќај и денеска се очекува да има околу 560 полетувања и слетувања.
Германската метеоролошка служба утринава повторно издаде предупредување дека невреме и се заканува на неколку покраини како Хесен, Баварија, Рајнхалд-Фалц, Заралд и Баден
Снежното невреме што ја зафати Германија во текот на викендот предизвика многу проблеми во сообраќајот, а затворени беа и дел од патиштата.
Сојузниот министер за сообраќај, Петер Рамзауер ги повика возачите подобро да ги подготват своите автомобили за зимата и ги потсети дека ниту најдобрите патишта и техника неможат да им помогнат на автомобилите што немаат соодветна зимска опрема/крај/бт/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Судот на правдата на ЕУ: Изгубен миленик на лет се смета како изгубен багаж

Судот на правдата на Европската унија донесе одлука дека домашните миленици кои се превезуваат со авион се сметаат за „багаж“, а не за патници.
Одлуката следи по случај во кој куче исчезнало при пренос до авион на лет од Буенос Аирес до Барселона, по што сопственичката побарала 5.000 евра отштета.
Судот оцени дека, според Монреалската конвенција, авиокомпанијата не е должна да исплати поголема отштета од онаа предвидена за изгубен багаж, освен ако патникот претходно не доставил специјална изјава за вредноста на пратката.
Свет
Евакуирано средно училиште во Италија по истекување на амонијак

Во италијанскиот град Пескара беше евакуирано државното средно училиште „Маркони“ откако во просториите се почувствувал силен мирис од непознато потекло, поради што на многумина им се слошило.
Според италијанските медиуми, повеќе од 1.000 ученици биле итно евакуирани, а неколкумина се хоспитализирани, меѓу нив и пожарникари кои пристигнале на интервенција, пренесе „ТВ Раи“.
Првичните информации укажуваат дека причината најверојатно е истекување на амонијак од лабораторијата, иако не се исклучува ниту можноста за цурење гас од климатизацијата.
Заменичката градоначалничка на Пескара, Марија Рита Карота, нареди итно затворање на училиштето до понатамошна проверка.
Свет
Мерц: Без реформи, Европа ќе стане пиун на Азија и САД

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, предупреди дека Европската унија ризикува да ја изгуби својата економска независност ако итно не спроведе реформи за зголемување на конкурентноста.
Во обраќање пред германскиот парламент, во пресрет на самитот на ЕУ во Брисел, Мерц рече дека во наредните години ќе се решава дали Европа ќе остане независна економска сила или ќе стане „пиун на економските центри во Азија или Америка“.
Тој ја повика ЕУ да го намали бирократскиот товар за компаниите, да го зајакне единствениот пазар и да потпише нови трговски договори, особено со јужноамериканскиот блок Меркосур до крајот на годината.
Мерц се соочува со растечки притисок дома поради економската стагнација во Германија, која се влошува поради царинските политики на американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој истакна дека решенијата за европската економија веќе постојат во извештаите на Марио Драги и Енрико Лета, кои предлагаат продлабочување на внатрешниот пазар и јакнење на конкурентноста, додавајќи дека тие препораки треба веднаш да станат дел од агендата на Европската комисија.