Свет
Русија тестираше проектил од советскиот период

Русија во четвртокот успешно го тестираше интерконтинеталниот балистички проект RS-20V кој потекнува од советскиот период.
Русија во четвртокот успешно го тестираше интерконтинеталниот балистички проект RS-20V кој потекнува од советскиот период.
Проектилот е лансиран со цел да се проверат неговите техничките карактеристики, а и да му се продолжи животниот век во наредните 23 години, се вели во официјалното соопштение.
RS-20V, кој тежи 22 тона тој беше лансиране во подрачјето на Оренбург и ја погоди метата на полуостровот Камчатка кој е оддалечен 6.500 километри.
Овој советски проектил на запад е познат како SS-18 “Sotona”.
Според Соединетите Американски Држави (САД) RS-20V е најмоќното оружје во бившата СССР. /крај/хина/бк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трагедија во Грција: Србинка пронајдена мртва на плажа во Олимпискиот Регион

Српска државјанка е пронајдена во несвест во вторникот наутро на плажата Макригијалос во Пиерија (Катерина), Олимпискиот Регион, соопшти денес грчката крајбрежна стража, објави српски „Блиц“.
73-годишната жена со возило на брзата помош била пренесена во Здравствениот центар во Егинио, каде што била констатирана смрт, јавува агенцијата „Ана“.
Како што е наведено, во тек е истрага од страна на Централната пристанишна управа на Солун во Грција.
Пред две недели исто така тело на жена од Србија беше пронајдено во морето кај Касандра, а брзата помош констатира смрт.
Свет
Шефот на иранската атомска енергија: Нуклеарните централи се во добра состојба и покрај нападите

Иранските државни медиуми денес објавија неколку кратки изјави од страна на службеници задолжени за нуклеарната и за енергетската инфраструктура.
Шефот на иранската организација за атомска енергија, Мохамед Еслами, изјави, според новинската агенција „Фарс“, дека нуклеарните капацитети остануваат во добра состојба и покрај израелските напади.
„Моралот на нашите колеги во нуклеарните капацитети е одличен и тие работат напорно“, рече Еслами.
Ограничувањето на нуклеарните капацитети на Иран и спречувањето на развојот на атомска бомба е една од клучните цели што Израел ги наведе како причина за нападите врз Иран.
Во исто време, министерот за нафта, Мохсен Пакнеџад, изјави дека нападите не влијаеле врз способноста на земјата да го снабдува населението со гориво.
„Секако, за да се обезбеди континуирано и долгорочно снабдување, може да има ограничувања на некои места, но нема да имаме проблем со снабдувањето на граѓаните со гориво“, рече Пакнеџад.
Свет
Иранските државни медиуми објавија видео од рака како гали нуклеарна бомба

Иранските државни медиуми објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледа рака како гали нуклеарна бомба со натпис „можеби“, додека Израел продолжува со нападите, а американскиот претседател Доналд Трамп го предупредува иранското раководство.
Видеото беше објавено на социјалните мрежи од страна на Иранската арапска новинска агенција.
ربما..
Maybe pic.twitter.com/tB02PrPbp1— إيران بالعربية (@iraninarabic_ir) June 17, 2025
Израел со денови напаѓа ирански воени и нуклеарни објекти уништувајќи го иранското воено и разузнавачко раководство и убивајќи неколку водечки нуклеарни научници. Израел тврди дека дејствува за да го спречи Иран да изгради нуклеарна бомба.
Иран одговори со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, но негира дека се обидува да изгради нуклеарно оружје и вели дека неговата нуклеарна програма е само за цивилна употреба.
Трамп го повика Иран да постигне нуклеарен договор и рече дека нема да му дозволи да развие нуклеарно оружје. Додека Израел го напаѓа Иран, Трамп го зајакна американското воено присуство на Блискиот Исток давајќи си можност да им се придружи.
„Безусловно предавање!“ напиша Трамп на „Тру соушал“ во порака до иранското раководство.