Свет
Женската експедиција пристигна на Јужниот пол

Женска експедиција пристигна на Јужниот пол, по 38 дена патување од базниот камп на Антарктикот, во чест на одбележувањето 60 години од постоењето на Комонвелтот.
Женска експедиција пристигна на Јужниот пол, по 38 дена патување од базниот камп на Антарктикот, во чест на одбележувањето 60 години од постоењето на Комонвелтот, јавија агенциите.
Тимот е сочинет од седум жени, кои поминале на скии 800 километри до Јужниот пол.
„Се гордеам …кога може ова да го направиме, тогаш можеме се и ова е порака за сите “, изјавила Британката Фелисти Астон – предводничката на експедицијата.
Тимот го сочинуваат осум претставници на Комонвелтот: Брунеи, Кипар, Гана, Индија, Јамајка, Нов Зеланд, Сингапур и Британија.
Само претставничката на Јамајка се откажала на самиот почеток на подвигот, поради болест.
Експедицијата дневно поминувала по шест до десет часа на скии, а секоја од жените влечела ранец полн со храна и опрема тешка и по 80 килограми.
За време на патувањето до Јужниот пол патот им бил отежнуван од силниот ветер кој на места дувал со брзина и до 130 километри на час и температура од -40 Целзиусови степени. /крај/бе/спд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израел нападна ирански нуклеарен реактор

Израелската армија го нападна нуклеарниот реактор во Арак (т.н. тип на тешка вода), западно од Техеран, објавија иранските државни медиуми и неколку телевизиски станици.
Нападот се случи откако претходно истиот ден Израел го повика населението да ја евакуира областа.
Израелската војска потврди дека го гаѓала објектот во Арак, на околу 400 километри западно од иранската престолнина, велејќи дека тоа е дел од напорите да се уништи иранската нуклеарна инфраструктура.
Иранските власти тврдат дека евакуацијата не била завршена во моментот на нападот, пренесува новинската агенција ИСНА. Но, други извори тврдат дека сите цивили успеале да се засолнат пред нападот. Според истите извори, нема опасност од радиоактивно зрачење.
Свет
Израел го напаѓа Иран седма ноќ по ред

Израелската војска во четвртокот објави дека изведува серија напади во Иран, вклучително и Техеран, на седмиот ден од нејзината офанзива против Исламската Република.
„Израелските воздухопловни сили во моментов спроведуваат серија напади врз Техеран и други области на Иран“, објави израелската војска на „Телеграм“.
Најавувајќи ги претстојните напади, израелската армија повика на евакуација на иранските села Арак и Хондаб, кои се наоѓаат во близина на нуклеарни постројки.
„Израелските одбранбени сили итно ги повикуваат жителите, работниците и сите присутни во иранските села Арак и Хондаб (…) да се евакуираат веднаш“, се вели во Телеграм.
Иранската противвоздушна одбрана беше активирана во центарот на Техеран и пресретна беспилотни летала над главниот град на Иран, објави полуофицијалната новинска агенција СНН.
Свет
(Видео) Иран погоди болница во Израел со балистичка ракета

Болницата Сорока во Бершеба на југот на Израел утринава соопшти дека зградата била погодена со проектил при ирански ракетен напад на израелска територија.
„Во нападот беше погодена болницата и беше предизвикана значителна штета во неколку области. Во моментов ја проценуваме штетата, како и бројот на потенцијални повредени“, се вели во соопштението на болницата.
Неколку минути претходно израелското Министерство за надворешни работи извести за „директен удар“ на важен објект каде се згрижуваат бројни израелски војници ранети во Појасот Газа.
Massive damage to Soroka Medical Center in Beersheba, following the impact of a ballistic missile fired by Iran. pic.twitter.com/8rXhGeuk0z
— OSINTdefender (@sentdefender) June 19, 2025
Иранските медиуми објавија дека Иран утринава истрелал проектили кон Израел.
„Технолошки напредни проектили летаат над Тел Авив“, објави новинската агенција Фарс, додека иранската државна телевизија директно емитуваше снимки од Тел Авив.
Иран утрово најави дека ќе го натера Израел да зажали и плати за сите свои напади, во седмиот ден од интензивната и невидена војна меѓу двете земји.
„Иран ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана со гордост и храброст и ќе го натераме агресорот да зажали и да плати за својата тешка грешка“, напиша иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи на „Икс“, обвинувајќи го Израел дека сака да го прошири конфликтот во регионот и пошироко.
Израелската војска претходно објави дека изведува серија напади во Иран, вклучително и Техеран, на седмиот ден од нејзината офанзива против Исламската Република.