Свет
Шпанија го презема претседавањето со ЕУ
Шпанија со новата година го презема претседавањето со Европската унија, кое се смета за преодно, бидејќи е прво по стапувањето во сила на Лисабонскиот договор, кој донесува значителни промени во функционирањето на унијата.
Шпанија со новата година го презема претседавањето со Европската унија, кое се смета за преодно, бидејќи е прво по стапувањето во сила на Лисабонскиот договор, кој донесува значителни промени во функционирањето на унијата.
Високо меѓу приоритетните задачи на своето претседавање, Шпанија го постави проширувањето, при што очекува и напредок во решавањето на спорот за името меѓу Македонија и Грција, но нема намера да се вмеша во процесот на решавање на спорот што се води во Обединетите нации.
Во рамките на проширувањето Мадрид очекува завршување на претпристапните преговори со Хрватска, продолжување на преговорите со Турција, како и почеток на преговорите со Исланд, а ќе се посвети и на неодамна поднесената апликација за членство на Србија во Европската унија.
Шпанија е една од петте држави членки на ЕУ, која не ја признава независноста на Косово, но прашањата во врска со Косово ќе ги решава неутрално и апсолутно конструктивно.
Шефот на шпанската дипломатија Мигел Анхел Моратинос најави дека на меѓународната конференција за Западен Балкан ќе покани и претставници на Косово.
Клучни приоритети на Шпанија за време на шестмесечното претседавање ќе бидат имплементација на Лисабонскиот договор, како и закрепнување на европската економија по финансиската криза.
Додека досегашното претседавање на Шведска беше историско поради имплементацијата на Лисабонскиот договор и беше последно, по стариот систем, претседавањето на Шпанија е исто така историско, како прво според новите правила.
Лисабонскиот договор ја воведе функцијата на првиот постојан претседател на ЕУ, на која е именуван Херман Ван Ромпуј, како и нов висок преставник за надворешни работи, која ќе ја врши Кетрин Ештон.
Тие ги преземаат функциите во петок но не се очекува улогата на претседателот и шефот на дипломатијата на ЕУ да целосно да се формираат во наредните шест месеци и затоа шпанското претседателство, во соработка со Ромпуј и Ештон ќе ги подготви сите клучни настани во наредните шест месеци.
За време на шпанското претседавање треба да започне со работа и Европската комисија во нов состав. Доколку нема проблеми, комисијата ќе стартува во февруари. /крај/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

