Свет
Ербас го надмина Боинг во продадени авиони за 2009Е
Произведувачот на авиони Ербас во 2009 година има продадено рекорден број на авиони, иако насекаде владее економска криза, соопштија француските медиуми.Компанијата во 2009 година има испорачано 498 авиони, со што го надмина рекордот од 2008 година, кога беа испорачани
Произведувачот на авиони Ербас во 2009 година има продадено рекорден број на авиони, иако насекаде владее економска криза, соопштија француските медиуми. Компанијата во 2009 година има испорачано 498 авиони, со што го надмина рекордот од 2008 година, кога беа испорачани 15 авиони помалку. Меѓутоа, како што се наведува во соопштението, компанијата ја нема исполнето својата цел поврзана со најголемиот патнички авион А380, испорачувајќи 10 од планираните 13 авиони. Со објавувањето на бројките Ербас во 2009 година ќе го надмине американскиот конкурент Боинг според бројот на продадени авиони./крај/х/бк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

