Свет
Заврши целодневната престрелка во Кашмир
Владините сили во индискиот дел на Кашмир во четврток, ја окончаа 22-часовната престрелка со сепаратистичките милитанти, кои се забарикадирале во еден хотел во Шринагар
Владините сили во индискиот дел на Кашмир во четврток, ја окончаа 22-часовната престрелка со сепаратистичките милитанти, кои се забарикадирале во еден хотел во Шринагар.
Индиските сили за безбедност, убивајќи двајца напаѓачи, влегоа во хотелот, кој го запоседнаа во средата, соопшти претставникот на полицијата Фарук Ахмед, додавајќи дека во престрелката загинале еден цивил и еден војник, а повредени биле десет лица, од кои четири војници.
Според западните агенции војниците сега го пребаруваат местото и проверуваат дали милитантите оставиле експлозивни направи зад себе.
Полицијата евакуирала околу 400 луѓе од околните згради хотелите, кои милитантите се обиделе да ги запалат.
Одговорноста за првиот напад во годинава во летната престолнина на индискиот Кашмир ја презеде милитантната група Џамаит-ул-Муџахедин.
Кашмир е поделен меѓу Индија и Пакистан, а двете држави го сметаат за целосно своја територија. /крај/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

