Свет
Во ќелија за изолација се обесил осуденик за кражба
Музафер Асановски (33) од Куманово, вчераутро, со бесење си го одзел животот додека бил во ќелијата за изолација во Казнено-поправната установа “Идризово”. Неговото тело го пронашле чуварите.
Ново самоубиство во Казнено-поправната установа “Идризово”
Музафер Асановски (33) од Куманово, вчераутро, со бесење си го одзел животот додека бил во ќелијата за изолација во Казнено-поправната установа “Идризово”. Неговото тело го пронашле чуварите.
Како што информираат од Министерството за правда, Асановски си го одзел животот со бесење со чаршафот од креветот. Тој бил осуден на две години затвор поради кривично дело кражба. Казната почнал да ја издржува во почетокот од минатиот месец, но по две недели престој во најголемиот затвор во државава, Асановски самоволно се оддалечил од Отвореното одделение.
По четири дена поминати на слобода, тој бил пронајден и уапсен, а потоа бил вратен во затворот за доиздржување на казната. Согласно со затворските правила, поради самоволно оддалечување од затворот нему му била изречена мерка изолација во траење од 15 дена, а за што била издадена и лекарска согласност. Меѓутоа, по шест дена поминати во самица Асановски си го одзел животот.
Како што дознаваме, Асановски не бил проблематичен затвореник, па затоа се претпоставува дека причина за самоубиството било тоа што тој никако не успевал да се помири дека наредните две години треба да ги помине во затвор.
(Г.А.)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

