Свет
Иран ќе продолжи со нуклеарната програма

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад најави дека нема да ја прекине нуклеарна програма дури и ако Советот за безбедност при Обединетите нации(ОН) воведе поригорзни санкции за земјата.
Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад најави дека нема да ја прекине нуклеарна програма дури и ако Советот за безбедност при Обединетите нации(ОН) воведе поригорзни санкции за земјата.„Тие донесоа неколку резолуции и казнувања против Иран. Тие мислат дека со казни ќе нè натераат да попуштиме, но се лажат“, изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.Тој од југот на земјата во сабота истакна дека Иран не сака конфликти, но дека секогаш на Техеран му се поставуваат некои нови барања.Обединетите нации досега имаат усвоено три резолуции против Иран за збогатување на ураниум. /крај/бт/рќ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Русија и Украина веднаш почнуваат преговори за крајот на војната

„Само што го завршив двочасовниот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин. Верувам дека помина многу добро. Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, и што е уште поважно – за крај на војната. Условите за тоа ќе се преговараат меѓу двете страни, бидејќи само така може – тие ги знаат деталите од преговорите што никој друг не би ги имал. Тонот нa разговорите беше одличен.
Русија сака обемна трговија со Соединетите Американски Држави кога ќе заврши ова катастрофално „крвопролевање“ и јас се согласувам со тоа. Има огромна можност Русија да создаде огромен број работни места и богатство. Нејзиниот потенцијал е неограничен. Исто така, Украина може да биде голем добитник во трговијата, за време на реконструкцијата на својата земја.
Преговорите меѓу Русија и Украина ќе започнат веднаш. За ова ги информирав претседателот Володимир Зеленски од Украина, Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Џорџа Мелони, германскиот канцелар Фридрих Мерц и финскиот претседател Александар Стуб.
Ватикан, претставен од Папата, изрази голем интерес да биде домаќин на разговорите. Нека започне процесот!“ Трамп напиша на Trurh Social.
Свет
Зеленски формира постојана и проширена преговарачка група

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека наредил формирање постојана и проширена национална преговарачка група.
Во објава на Фејсбук, тој рече: „Украина не се плаши од директни преговори со Русија и важно е руското раководство да не ја одложува војната“.
„Подготвени сме и за средба на највисоко ниво за да се решат клучните прашања“, посочи Зеленски.
Москва досега ја отфрли можноста за средба меѓу Зеленски и Владимир Путин. Што се однесува до единствениот конкретен договор од турските преговори – размената на по 1.000 затвореници – Зеленски рече: „Нашиот тим моментално ги разработува деталите за размената“.
Свет
Москва подготвена да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот, пишуваат руските медиуми

Телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, кој траеше повеќе од два часа, сега е завршен, објавија руските државни медиуми. Рускиот претседател го опиша разговорот како „информативен, искрен и многу корисен“, пренесува РИА Новости.
Путин,му се заблагодарил на Трамп за неговата улога во повторното започнување на директните преговори меѓу Москва и Киев.
Според државните медиуми, Москва изразила подготвеност да работи на меморандум со Украина кој би вклучувал и прекин на огнот. Путин, наводно, изјавил дека тие „генерално се на вистинскиот пат“, но повтори дека двете страни ќе мора да се согласат на компромиси.
„Примирјето во Украина на одреден временски период е возможно доколку се постигнат соодветни договори“, рекол рускиот претседател Владимир Путин.
Тасс пренесува дека Путин рекол дека Русија е подготвена да работи со Киев на меморандум за идниот мировен договор.
Тасс, исто така, пренесува дека Доналд Трамп за време на разговорот рекол дека Русија поддржува мирно решение на конфликтот.
Според извештајот на агенцијата IFX, Путин рекол дека „треба да се отстранат основните причини за конфликтот“.