Свет
Кина ја претекна Германија и стана најголем светски извозник
Кинескиот извоз во декември минатата година се зголемил за 17,7 отсто, со што, како што тврдат кинеските медиуми, Кина ја претекнала Германија и станала најголем светски извозник. Извозот се зголемил за 17 отсто во однос на декември 2008. година, и претставува
Кинескиот извоз во декември минатата година се зголемил за 17,7 отсто, со што, како што тврдат кинеските медиуми, Кина ја претекнала Германија и станала најголем светски извозник.Извозот се зголемил за 17 отсто во однос на декември 2008. година, и претставува прв раст за 13 месеци. На лошите кинески извозни резултати значително влијаела и светската економска криза.Агенцијата Ксинхуа тврди дека кинескиот извоз во 2009. година бил околу 1,2 трилиони долари, што е сепак пад од 13,9 отсто во однос на претходната година. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Скандал во Финска: Во парламентот пронајдени траги од дрога
Финскиот јавен сервис Yle пронашол остатоци од дрога во три различни тоалети во финскиот парламент, пренесуваат медиумите во регионот.
Врз основа на резултатите од тестирањето на тоалетот за време на традиционалната годишна божиќна забава, биле пронајдени траги од амфетамин, екстази или МДМА и кокаин.
Покрај пратениците, меѓу гостите имало и вработени во пратеничките групи, помошници на министри и новинари, меѓу кои и новинари од Yle, според написите во медиумите од регионот.
Кале Лагерблом, оперативен директор на лабораторијата Мезурлабс, кој ги толкуваше резултатите, процени дека количината на остатоци од дрога е мала.
„Резултатите може да се сметаат за сосема безбедни. Остатоците се навистина мали, но очигледно има остатоци“, посочи тој.
Остатоци од дрога биле пронајдени само во тоалетите, на подот каде се одржувала божиќната веселба, додека во двата тоалета на третиот кат немало остатоци.
Со оглед на тоа што употребата на дрога е се почеста појава во Финска, јавниот сервис сакаше да открие дали трагите од употреба на дрога во Финска стигнуваат до просториите на парламентот, односно таму каде што пратениците донесуваат закони за дроги.
Според анкетите во Финска, се повеќе луѓе имаат пробано дрога.
Процентот на луѓе кои пробале и користеле дроги континуирано се зголемува од 1990-тите до 2020-тите, според извештаите од Институтот за здравје и благосостојба (THL), пренесуваат медиумите.
Околу милион луѓе во Финска пробале канабис, додека во 2023 година од оваа дрога починале рекорден број луѓе, вкупно 310 лица.
Свет
Два земјотреси со јачина од 4,9 и 5 степени го погодија тибетскиот округ Тингри
Два земјотреси со јачина од 4,9 и 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија округот Тингри во Тибет, соопшти Кинескиот центар за земјотресни мрежи.
Во моментов нема информации за евентуални жртви или материјална штета, пренесе Ројтерс.
Тибет минатата недела беше погоден од земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер, при што загинаа 126 лица, а 337 беа повредени.
Свет
Земјотрес со јачина од 6,9 степени ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами
Јапонската метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами откако земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија, јавува Си-Ен-Ен.
Издадено е предупредување за цунами за префектурите Мијазаки и Кочин, соопшти JMA, пренесе Кјодо.
Во префектурата Мијазаки веќе е забележано цунами високо 20 сантиметри, а според јапонската агенција, не се потврдени оперативни аномалии во нуклеарната централа во префектурата Ехиме.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.