Свет
Холандска комисија ја прогласи војната во Ирак за нелегална
Инвазијата врз Ирак, покрената од САД и Велика Британија не е извршена во согласност со меѓународното право, бидејќи не постоеше одобрение од Советот за безбедност на Обединетите нации.
Инвазијата врз Ирак, покрената од САД и Велика Британија не е извршена во согласност со меѓународното право, бидејќи не постоеше одобрение од Советот за безбедност на Обединетите нации.
Ова во вторникот го заклучи независна холандска комисија, која притоа тешко ја обвини холандската влада за преувеличување на обвинението против Ирак дека има оружје за масовно убивање.
Во извештајот се посочува дека холандската влада политичката одлука за поддршка на нападот на Ирак ја ставила над законот.
Холандските министри селективно ги користеле информациите, а холандската разузнавачка служба воопшто не располагала со свои информации, се вели во извештајот објавен на 550 страници. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

