Свет
Превал: Потребни ни се лекови и лекари веднаш
Немаме капацитет сами да се справиме со ситуацијата. Потребна ни е помош веднаш. Ова за СИ-ЕН-ЕН во среда навечер го изјави претседателот на Хаити, Рене Превал. Апелира меѓународната заедница веднаш да испрати помош во храна и медицински средства.
Немаме капацитет сами да се справиме со ситуацијата. Потребна ни е помош веднаш. Ова за СИ-ЕН-ЕН во среда навечер го изјави претседателот на Хаити, Рене Превал. Апелира меѓународната заедница веднаш да испрати помош во храна и медицински средства.
Превал не сакаше да даде прогноза за бројот на жртвите како последица од катастрофалниот земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала што ја погоди малата островска земја. „Слушнав за 30.000, дури и за 100.000 загинати. Мислам дека е сеуште рано да се објавуваат бројки“, рече Превал. Претседателот на Хаити ја дели судбината на над три милиони негови сонародници. Претседателската резиденција, како и неговиот приватен дом беа уништени во силниот земјотрес. Превал сеуште не беше сигурен каде ќе ја помине ноќта. „Неможам да престојувам ниту во резиденцијата, ниту во мојот дом. Срушени се. Не знам каде ќе спијам вечерва“, изјави Превал. /крај/cnn/ач
Се стравува дека на Хаити загинале над сто илјади лица>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

