Свет
Јемен е одлучен да ја искорени Ал Каеда

Јемен е одлучен да ја искорени Ал Каеда од својата територија, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на оваа земја.
Јемен е одлучен да ја искорени Ал Каеда од својата територија, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на оваа земја.
Министерството го повикува населението да помогне во потрагата по членовите на екстремистичката мрежа.
Жителите на Јемен се предупредени да не се обидуваат да ги кријат припадниците на Ал Каеда и се повикуваат да соработуваат со силите за безбедност и да ги информираат доколку забележат некој член од оваа група.
Јеменските власти во среда соопштија дека нивните сили го убиле Абдулах Мехдара, за кого се верува дека е водач на Ал Каеда во источен Јемен, каде се кријат главните водачи на терористичката мрежа на Осама бин Ладен.
Јемен ги засили своите операции против Ал Каеда по откритието дека Нигериецот кој за време на католичкиот Божик изведе неуспешен бомбашки напад врз американскиот патнички авион кој сообраќал од Амстердам кон Детроит, добил инструкции и обука од јеменските оперативци на Ал Каеда. /крај/бе/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Писториус: Русија само купува време во мировните преговори со Украина

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е заинтересиран за мир во Украина, велејќи дека Русија „всушност купува време“ во преговорите со САД.
Писториус додаде дека Европа треба да го зголеми притисокот врз Русија со воведување нови санкции, особено врз продажбата на руска енергија, објави Ројтерс.
„Повторно сме сведоци на масовни напади (од страна на Русија) во последните денови. Овие напади зборуваат многу погласно од усните ветувања за мир што ги слушаме долго време. Путин очигледно си го губи времето. За жал, мора да кажеме дека Путин всушност не е заинтересиран за мир“, рече Писториус пред состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Русија и Украина требаше да започнат разговори откако Путин разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник, но Путин рече дека процесот ќе потрае некое време.
Откако Трамп ги информираше за разговорот со Путин, европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија преку нови санкции.
Пред состанокот, францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро го обвини Путин за лицемерие.
„Верувам дека иако Владимир Путин продолжува да го користи својот лицемерен јазик, на сите им е јасно дека ќе продолжи со својата колонијална војна до крај, ако ние не му застанеме на патот. Да се обидеме да го принудиме Владимир Путин да ја заврши својата империјалистичка фантазија со усвојување (на ЕУ) санкции кои се навистина обесхрабрувачки“, рече Баро.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, исто така, изјави дека САД треба да се приклучат на блокот во зголемувањето на притисокот врз Русија.
„Сите се согласивме и рековме, дека ако не се согласат на безусловно примирје, како што се согласи Украина пред 60 дена, ќе бидат преземени силни мерки“, рече Калас пред состанокот.
Регион
Косово го забрани увозот на пилешко месо од Бразил поради птичји грип

Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово објави забрана за увоз на пилешко месо и други производи од живина од Бразил поради епидемија на птичји грип, јавува Анадолија.
Привремената забрана стапува на сила веднаш и е одговор на потврден случај на птичји грип на комерцијална фарма во државата Рио Гранде, Бразил, пријавен од бразилските власти на 16 мај.
Агенцијата наведува дека целта на одлуката е да се заштити јавното здравје и да се спречи потенцијалното ширење на болеста во Косово.
„Птичјиот грип е многу заразна вирусна болест која првенствено ги напаѓа птиците и, во ретки случаи, може да се пренесе на луѓето. Иако нема докази што укажуваат дека консумирањето живинско месо или јајца го пренесува вирусот, забраната за увоз е превентивна мерка за да се обезбеди безбедност на храната за нашите граѓани“, наведува Агенцијата.
Оваа одлука е во согласност со меѓународните практики и ги следи постапките на други земји, вклучувајќи ги Европската Унија и Кина, кои исто така го суспендираа увозот на пилешко месо од Бразил откако беше потврдена епидемијата, се додава во соопштението, објави РТК.
Свет
Рускиот патријарх Кирил: Подготвени сме за дијалог со новоизбраниот папа и Ватикан

Рускиот патријарх Кирил изјави дека Руската православна црква е подготвена за дијалог со Ватикан и новоизбраниот папа Лав Четиринаесетти за заштита на традиционалните вредности, воспоставување мир, заштита на христијанството, животната средина, како и за хуманитарни прашања.
„И покрај разликите што постојат, односите со Римокатоличката црква се одржуваат. Лав Четиринаесетти стана нов папа и ние, секако, сме подготвени за понатамошен развој на дијалогот со Ватикан“, рече рускиот патријарх, објави Риа Новости.
На прием во руското Министерство за надворешни работи, патријархот Кирил истакна дека Руската православна црква е подготвена да разговара со новиот поглавар на Римокатоличката црква за решавање на многу прашања што се наоѓаат на глобалната агенда денес.