Свет
Украина избира нов претседател

Граѓаните на Украина во недела бираат нов претседател. Тие одлучуваат кој од тројцата кандидати Виктор Јушченко, Јулија Тимошенко, и Виктор Јанукович ќе застане на чело на државата.
Граѓаните на Украина во недела бираат нов претседател. Тие одлучуваат кој од тројцата кандидати Виктор Јушченко, Јулија Тимошенко, и Виктор Јанукович ќе застане на чело на државата. Сите кандидати имаат големо политичко искуство. Јушченко е актуелен претседател на Украина и лидер на Портокаловата револуција која се случи пред 5 години на улиците на Киев. Тимошенко е премиер на државата и еден од организаторите на Портокаловата револуцијата, додека Јанукович е кој е познат како миленик на Москва .
Според украинските медиуми , Руските официјални власти имаат двајца кандидати – сојузници. Јанукович и Јулија Тимошенко која на изборите во 2004 година се бореше за европска Украина. Според последните анкети спорведени во Киев, на прво место е Виктор Јанукович а веднаш зад него е Јулија Тимошенко . /крај/хи
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Големо невреме и поплави во Франција, три лица загинаа

Најмалку три лица загинаа, вклучувајќи и еден пар во своите осумдесети години од животот, во силното невреме што вчера ја погоди југоисточна Франција оставајќи зад себе, она што еден локален функционер го опиша, сцени слични на војна.
Според локалните власти, еден постар пар починал во приморскиот град Ле Лаванду, а трето лице во градот Видобан. Нивното возило било однесено од надојдената вода, а телото на жената било заробено во остатоците од автомобилот, потврди обвинителот на Тулон, Самуел Финиелц, за АФП.
Storm unleashes flooding chaos in parts of Alpes-Côte d’Azur in southeastern #France
VC: Lily Festa#Storm #Europe #Flood #Flashflood #Rain #Climate #Weather #Viral pic.twitter.com/ypVZmubdzn
— Earth42morrow (@Earth42morrow) May 20, 2025
„Ситуацијата на терен е тешка“, рече Финиелц додавајќи дека е отворена истрага за причините за смртта.
Градоначалникот на Ле Лаванду, Жил Бернарди, ги опиша сцените по бурата како сцени на војна, со уништени патишта и урнати мостови.
„Беше многу насилно, подмолно, сосема несфатливо“, изјави тој за телевизијата БФМ. „Нема ништо останато – нема струја, нема вода за пиење, нема постројка за третман на отпадни води“.
Storm unleashes flooding chaos in parts of Alpes-Côte d’Azur in southeastern #France
VC: Lily Festa#Storm #Europe #Flood #Flashflood #Rain #Climate #Weather #Viral pic.twitter.com/ypVZmubdzn
— Earth42morrow (@Earth42morrow) May 20, 2025
Еден ден претходно, град и пороен дожд ја погодија југозападна Франција поплавувајќи домови, оштетувајќи железнички пруги и предизвикувајќи евакуација на стотици патници од брзиот воз ТГВ среде ноќ.
Едно ТГВ-возило на линијата Тулуз – Париз морало да застане доцна во понеделникот бидејќи земјата под пругата попуштила поради обилните дождови, а шините се поместиле. Возот застанал во близина на Тонеин, а повеќе од 500 патници биле евакуирани со автобуси.
„Избегнавме катастрофа, шините се урнаа, возот буквално висеше во воздухот“, рече градоначалникот на Тонеин, Данте Ринаудо.
Свет
„Њујорк тајмс“: Путин постигна дипломатска победа во разговорот со Трамп

Рускиот лидер Владимир Путин постигна дипломатска победа во телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, пишува „Њујорк тајмс“.
По телефонскиот разговор со Путин, Трамп изјави дека ги поздравува директните мировни преговори меѓу Украина и Русија, со што ефикасно се откажа од претходното ветување за брзо завршување на конфликтот, се наведува во статијата.
Авторот на статијата го нарече телефонскиот разговор со Трамп успех за Путин.
Претходно, „Ројтерс“ објави дека разговорот меѓу рускиот и американскиот лидер предизвикал непоправлива штета на политичките позиции на Европа и Украина.
Според написите, резултатите од телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп нема да бидат лесни за прифаќање во Киев и Брисел.
Свет
Маск: „Мислам дека веќе направив доволно“

Додека американските медиуми го мерат секој милиметар за да докажат дека дошло до заладување во односот меѓу Доналд Трамп и Илон Маск, контроверзниот милијардер самиот ги поттикнува ваквите приказни.
Зборувајќи вчера на Економскиот форум во Катар, извршниот директор на „Тесла“ рече дека во иднина ќе троши значително помалку за политика додавајќи:
„Мислам дека веќе направив доволно“.
Маск ги отфрли инсинуациите дека одлуката е одговор на критиките што ги добил за неговата водечка улога во преобликувањето на државните институции преку Канцеларијата за ефикасност на владата (DOGE).
„Ако во иднина видам причина за политичко трошење, ќе го направам тоа. Во моментот не гледам никаква“, додаде тој.
Маск, кој инвестира повеќе од 290 милиони долари свои пари на претседателските избори во 2024 година за да ги поддржи Трамп и републиканците, се етаблира како значајна политичка фигура. Тој исто така се обиде да влијае на изборите, вклучително и на клучната трка за Врховниот суд во Висконсин минатиот месец. Неговата политичка машинерија, пишува „Политико“, инвестира многу во овие избори, па тие речиси се претворија во референдум за популарноста на самиот Маск.
И овој референдум не помина добро – кандидатот поддржан од демократите победи убедливо, а „Политико“ тврди дека таков исход означил пресвртница во политичкиот ангажман на Маск.