Свет
ЕУ вети 400 милиони евра помош за Хаити

Европската унија(ЕУ) вети итна помош од 400 милиони евра за Хаити по катастрофалниот земјотрес што ја погоди островската земја минатата недела
Европската унија (ЕУ) вети итна помош од 400 милиони евра за Хаити по катастрофалниот земјотрес што ја погоди островската земја минатата недела.
Европската комисија (ЕК) одвои 137 милиони евра за краткотрајни потреби и најмалку 200 милиони евра за средни и долгорочни потреби за Хаити. Државите членки на ЕУ пак, ќе одвојат дополнителни 92 милиони евра, изјавија официјални лица по итните разговори во Брисел.
„Моменталната цел е да обезбедиме итна здравствена помош, вода, санитарна помош, лекови, засолништа и најважно, храна за населението на Хаити“ стоеше во извештајот на Европската комисија посветен на Хаити. Спасувачките екипи од ЕУ веќе работат во разурнатиот главен град на Хаити, Порт-о-Принс.
Американскиот генерал на Хаити, Кен Кин, изјави дека постојат разумни претпоставки за бројка од 200.000 мртви од земјотресот минатата недела./крај/ббс/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Мислам дека договорот со Украина не пропадна, Зеленски треба да биде поблагодарен

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа одговараше на прашања на новинарите, а дел од конференцијата беше посветен и на односите со Украина и договорот за експлоатација на украинските ретки минерали.
На прашањето дали договорот меѓу Вашингтон и Киев за минерали пропаднал, Трамп одговори:
„Не мислам така, тоа е одлична работа за нас.
Тој додаде дека верува оти украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да покаже поголема благодарност.
„Мислам дека треба да биде повеќе благодарни“, рече Трамп.
На прашањето дали размислува да ја прекине воената помош за Украина, Трамп даде нејасен одговор, повторно критикувајќи ја вмешаноста на Америка во војната:
„Тоа е договор што никогаш немаше да се случи“, рече тој, очигледно мислејќи на пошироката рамка на американската поддршка за Украина.
Тој се осврна и на неодамнешните изјави на Зеленски, кој рече дека крајот на војната е „многу, многу далеку“.
„Подобро да греши. Тоа е сè што велам“, рече Трамп и додаде:
„Сакам војната брзо да заврши“.
Свет
Ердоган: Турција неразделна од Европа, членството во ЕУ стратешки приоритет

Турција го гледа својот процес за пристапување во Европската унија како стратешки приоритет, а себеси како „нераскинлив дел од Европа“, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
На денешниот состанок на странските амбасадори во Турција во Анкара, тој рече дека за Европа станува се потешко да продолжи како глобален актер без Турција да го заземе „своето заслужено место“, пренесува Anadolu Agency.
Зборувајќи за ситуацијата на Блискиот Исток, Ердоган оцени дека нема да има мир во Израел без формирање на палестинска држава.
Тој остро ја критикуваше реториката и заканите на израелските власти.
„Како да не беа доволни нивните повици за анексија на Западниот Брег, министрите на израелската влада си играат со оган со провокации насочени кон џамијата Ал Акса“, истакна тој.
Свет
Папата Франциск вратен на механичка вентилација поради респираторна инсуфициенција

Папата Франциск, кој е хоспитализиран поради пневмонија, во текот на денот имаше две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, поради што беше потребна употреба на неинвазивна механичка вентилација, соопшти Ватикан.
Ватикан претходно објави дека папата бил симнат од респиратор и е во стабилна состојба откако помина две недели во болница.
Папата Франциск не е виден во јавноста откако на 14 февруари беше примен во римската болница „Агостино Џемели“, со тешки респираторни проблеми кои брзо прераснаа во пневмонија на двете белодробни крила, што му го отежна дишењето.
Ова е негово најдолго отсуство од почетокот на мандатот во март 2013 година.
Во текот на целиот период, тој останал буден и соработувал, соопшти Ватикан.