Свет
Преживеале една недела под урнатините во Хаити
Две жени се извлечени во вторник вечер од урнатините во Порт-о-Пренс, една недела по катастрофалниот земјотрес кој го разори Хаити.
Две жени се извлечени во вторник вечер од урнатините во Порт-о-Пренс, една недела по катастрофалниот земјотрес кој го разори Хаити.
Мексикански и германски пожарникари со заеднички напори од под урнатините на катедралата ја извлекле 70-годишната Ана Зизи. Таа на спасувачите им рекла дека под срушената црква има уште живи, па сега се трага по нив.
Спасувачките екипи потоа осум часа извлекувале 25 годишна девојка. Двете жени се чувствуваат релативно добро со оглед на околностите.
Експертите се согласуваат дека е вистинско чудо, како двете жени без вода и храна успеале да преживеат седум дена под урнатините.
Според Цивилната заштита на Порт-о-Пренс во катастрофалниот земјотрес загинаа 75.000 луѓе, околу 250.000 се повредени, а најмалку еден милион лица на Хаити останаа без своите домови. /крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во нападот врз Бејрут најмалку 12 лица загинале, а 66 се повредени
Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку 12 лица загинале а 66 се повредени, од кои девет се во критична состојба, во денешниот изралески напад врз Бејрут.
Вчерашниот израелски напад врз Бејрут следеше откако Хезболах истрела ракети на северот на Израел и во време кога се очекува одмазда во тој регион, бидејќи лидерот на таа шиитска организација Хасан Насрала се закани за овонеделните експлозии на илјадници пејџери и токи-воки.
Јужните предградија на Бејрут биле нападнати за време на сообраќајниот метеж, кога вработените се враќале од работа, а учениците од училиште.
Свет
Бројот на бегалци во Германија годинава достигна нов врв
Бројот на бегалци кои живеат во Германија годинава достигна нов врв, покажуваат денешните владини податоци, пренесува Дојче веле.
Околу 3,48 милиони бегалци со различни видови дозволи за престој живееле во Германија на крајот на јуни 2024 година, што е за приближно 60.000 повеќе отколку на крајот на 2023 година.
Една третина од овие бегалци дошле од Украина.
Бројката вклучува и некои поединци кои се обврзани да ја напуштат Германија, но остануваат во земјата под политика на толеранција која опфаќа низа ситуации, како што се болест, недостаток на документи за идентификација или луѓе чии деца имаат дозвола за престој.
Статистиката беше дадена како одговор на барањето на партијата Социјалистичка левица во парламентот и првпат беше објавена од Ној Оснабрикер Цајтунг.
Свет
Лавров: Русија не сака ескалација, но западните политичари се однесуваат како деца
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија не сака да ги ескалира тензиите со западните земји, но дека, како што наведе, „политичарите на овие земји се однесуваат како деца“.
„Не сакаме ескалација. Се чини дека западните политичари навистина имаат менталитет на дете, иако како возрасни заземаат одговорни позиции: министри, премиери, канцелари, претседатели“, рече Лавров.
Лавров нагласи дека неколку месеци во светот се разговара за тоа како Русија наводно само се заканува и зборува за „црвени линии“.