Свет
Разорни земјотреси им се закануваат на Лос Анџелес, Токио и Техеран
Лос Анџелес, Токио и Техеран се следните градови кои можат да бидат погодени од разорни земјотреси, предвидуваат американските сеизмолошки експерти.Ваквата ранг листа е направена после разорниот земјотрес што пред една недела ја разруши островската држава Хаити
Лос Анџелес, Токио и Техеран се следните градови кои можат да бидат погодени од разорни земјотреси, предвидуваат американските сеизмолошки експерти.
Ваквата ранг листа е направена после разорниот земјотрес што пред една недела ја разруши островската држава Хаити, при што настрадаа околу 75.000 лица.
Според експертите на првото место на ранг листата се најде американскиот град Лос Анџелес, кој според досегашната историја има силни потреси на секои 150 години.
Со оглед на податоците дека последниот силен потрес се случил во далечната 1859 година, сеизмолозите предвидуваат дека новата катаклизма е “пред вратите” на градот.
Но, според експертите, и во случај на силен потрес последиците во Лос Анџелес не би биле толку катастрофални како оние на Хаити, бидејќи станува збор за еден од најбогатите градови во светот.
Сеизмолозите истакнуваат и дека американските градби се цврсти и многу е веројатно дека голем дел од нив ќе ги издржат потресите.
На второ место на оваа ранг листа се најде Токио, кој има 13 милиони жители.
Експертите исто така посочуваат дека јапонските градби се цврсти, но со оглед на густата населеност последиците би биле потешки отколку оние во Лос Анџелес.
Иранскиот главен град, Техеран се најде на третото место, а за стравот на жителите од земјотрес говори и фактот дека иранските власти веќе размислуваат да ја променат локацијата на главниот град.
На четвртата и петтата позиција се најдоа северозападниот дел на САД, и пренаселената Индонезија.
Во последниот земјотрес во Индонезија, пред пет години, кој беше проследен со цунами, загинаа повеќе од 200.000 жители./крај/ср/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сали и Бегај разговараа за политичката состојба и европската интеграција на двете земји
Првиот заменик‑претседател на Владата, Беким Сали, оствари официјална средба со Претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, на која се дискутираше за актуелната политичка ситуација и за соработката помеѓу двете земји.
За време на средбата, двете страни разменуваа мислења за политичките случувања и за продлабочувањето на институционалната соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија.
Првиот заменик‑претседател на Владата, Сали, истакна дека Албанците во Северна Македонија се претставени на најдобар можен начин, играјќи активна и конструктивна улога во државните институции, придонесувајќи во донесувањето одлуки и во клучните процеси кои се поврзани со стабилноста, демократскиот развој и европската перспектива на земјата.
На средбата беше нагласено дека Република Северна Македонија и Република Албанија, покрај тоа што се соседни и пријателски земји, имаат и заеднички аспирации во процесот на европска интеграција.
Свет
Две жртви во трамвајската несреќа во Милано, истрагата насочена кон возачот
Во тешка несреќа во Милано загинаа две лица, а 39 се повредени откако трамвај излета од шините и удри во зграда на улицата „Виале Виторио Венето“, во близина на „Порта Венеција“.
Една од жртвите е 60-годишен пешак кој останал приклештен под возилото, додека вториот загинат е патник кој починал во болница од здобиените повреди.
Истрагата е насочена кон возачот, кој наводно изјавил дека му се слошило непосредно пред несреќата. Се проверува можноста за ненадејна здравствена состојба, особено затоа што трамвајот ја прескокнал последната станица пред свиокот. Првичните проверки не покажале технички дефект.
Градоначалникот на Милано, Џузепе Сала, изјави дека најверојатно причината не е механички проблем и дека станува збор за ново возило управувано од искусен возач. Отворена е истрага.
Несреќата предизвика реакции од италијанските власти, кои изразија сочувство и најавија целосно утврдување на околностите.
(Видео) Трамвај излета од шините во Милано: загина пешак, речиси 40 повредени
Свет
Бил Клинтон сведочеше за Епстин: Ништо не видов и не направив ништо погрешно
Поранешниот американски претседател Бил Клинтон сведочеше пред Одборот за надзор на Претставничкиот дом во рамки на истрагата за починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин.
Во воведното обраќање, Клинтон изјави дека ништо не видел и дека не направил ништо погрешно, нагласувајќи дека неговото познанство со Епштајн било кратко и завршило години пред злосторствата да станат јавни.
„Знам што видов и, уште поважно, што не видов. Знам што направив и, уште поважно, што не направив. Не видов ништо и не направив ништо погрешно“, рече Клинтон. Тој најави дека на дел од прашањата веројатно ќе одговори со „не се сеќавам“, бидејќи од неговите контакти со Епстин поминале повеќе од 20 години.
Сведочењето се одржува зад затворени врати во Њујорк, но се снима и најавено е објавување на снимката. Претходно сведочеше и неговата сопруга Хилари Клинтон, при што расправата меѓу демократите и републиканците доби и политичка димензија.
Демократите побараа и актуелниот претседател Доналд Трамп да сведочи, тврдејќи дека неговото име често се појавува во документите поврзани со случајот. Трамп негира каква било поврзаност со злосторствата на Епштајн.
Фото: Depositphotos

