Свет
Сибир: Полицаец силувал и убил новинар
Рускиот новинар Константин Попов починал откако бил сексуално малтретиран и претепан во полициски притвор во сибирскиот град Томск.
Рускиот новинар Константин Попов починал откако бил сексуално малтретиран и претепан во полициски притвор во сибирскиот град Томск.
Според информациите кои ги пренесуваат светските новински агенции станува 47 годишниот новинар кој починал во средата по двенеделна кома во која паднал откако бил до претепан од полицаец.
Попов бил хоспитализиран на почетокот на овој месец и бил донесен во многу тешка здравствена состојба со тешки телесни повреди и внатрешно крварење.
Руските медиуми јавуваат дека ова злодело го извршил полицаецот Алексеј Митјајев против кого е поднесена кривична пријава.
Митјајев е приведен поради “претепување“ а се бранел со аргументите дека го сторил делото бидејќи имал комплициран семеен живот, жена, љубовница и три деца.
Полицаецот веднаш бил отпуштен од работа и најверојатно го чека 10-годишна затворска казна./крај/хина/ит
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

