Свет
Астрономски цени на Хаити
Жителите на Хаити по земјотресот останаа без ништо, тешко доаѓаат до вода и храна. Препродавачите го користат ова и ги продаваат намирниците по астрономски цени. Ноќевање во обичен хотел чини 200 долари, а кајганата 13 долари.
Жителите на Хаити по земјотресот останаа без ништо, тешко доаѓаат до вода и храна. Препродавачите го користат ова и ги продаваат намирниците по астрономски цени.
Ноќевање во обичен хотел чини 200 долари, а кајганата 13 долари. Пред земјотресот ноќевањето во истиот хотел чинеше 70 долари. Цената на флашираната вода е зголемена за два пати, а исто така и цената на бензините.
Стоката која се продава на улиците на Порт-о-Пренс во најголем дел е украдена од срушените самопослуги. Во градот каде 90 отсто од рестораните и продавниците се срамнети со земја, оброкот е луксуз.Според изјавите на новинарите кои доаѓаат од целиот свет, за тестенини прелиени со сос од домати треба да платите 11 долари. Со тоа цените во Порт-о-Пренс, најсиромашниот главен град во Латинска Америка, се изедначија со Мадрид и Рим.
Меѓународната заедница, според податоците на ОН, досега вети помош за Хаити од вкупно 1,2 милијарди долари, а се проценува дека помош во храна на разурната држава ќе и биде потребна уште најмалку шест месеци.
Околу 200.000 Хаиќани во последните девет дена добиле околу милион оброци, се наведува во извештајот на Светскатапрограма за храна и се проценува дека во наредните триесет дена ќе бидат потребни околу 100 милиони оброци. Според податоците на Меѓународната организација за мигранти, на Хаити се отворени околу 300 импровизирани прифатни центри за околу 370.000 луѓе кои останале без своите домови.
Според последните податоци во земјотресот што го погоди Хаити, загинаа најмалку 75.000 луѓе, 250.000 се повредени, а околу милион се без покрив над глава.
Цивилната заштита на Хаити проценува дека во земјотресот се уништени околу половина од зградите во главниот град на земјата која пред земјотресот важеше за една од најсиромашните држави на двата американски континенти. /крај/бе/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бајден зборуваше за дебатата со Трамп, но и за детали од неговиот личен живот
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска изјави дека ќе учествува на дебата со Доналд Трамп, неговиот републикански противкандидат на ноемвриските избори.
„Не знам кога“, изјави Бајден во интервјуто со Хауард Стерн и додаде дека со нетрпение го очекува тоа, пренесе Ројтерс.
Бајден раскажуваше семејни приказни и рече дека пелтечењето било подготовка за тешките удари во животот. Тој рече дека пелтечењето како дете било најдоброто нешто што му се случило. Додаде дека на крајот го надминал пелтечењето, но дека повремено му се враќа кога зборува во јавност.
Интервјуто со Хауард Стерн се случи додека Бајден присуствуваше на политички настан во Њујорк.
За време на интервјуто, тој презентираше многу биографски детали, обидувајќи се да се претстави пред гласачите. Бајден, исто така, рече дека неговиот татко, Џозеф Робинет Бајден постариот, ретко покажувал љубов и раскажал приказна што напраавил кога бил нокаутиран додека играл рагби кога бил во четврто одделение.
„Татко ми излезе со нас и рече Џои стани. Само стани. Мора да станеш“, раскажал Бајден.
Свет
(Видео) Снимка од Ердоган хит на социјалните мрежи: Телохранител му подаде чешел на турскиот претседател, а потоа цела делегација мораше да застане
Видео од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган како се чешла стана хит на социјалните мрежи.
Ердоган, кој во четвртокот дојде на прославата на Уставниот суд во Анкара, цело време беше придружуван од телохранител кој ненадејно му подава чешел пред да влезе во салата. Турскиот лидер застана и почна да се чешла додека целата делегација, вклучително и претседателот на Уставниот суд, чекаше.
— Pluton (@Pluton45873221) April 26, 2024
Откако заврши со средувањето на косата, Ердоган му го даде чешелот на еден од своите советници, а потоа продолжи да се шета со претседателот на Уставниот суд, Кадир Озкај, насмеан.
Ердоган присуствуваше и на прославата на 62-годишнината од формирањето на Уставниот суд.
Свет
Се слушнало тропање и силни вибрации: Боинг изгубил дел за време на лет, извршил принудно слетување
Авионот на „Делта ерлајнс“ кој утрово полета од аеродромот „Џон Кенеди“ во Њујорк мораше да се сврти и да се врати на аеродромот поради дефект на опремата за итни случаи, пренесува „Индекс“.
Летот 520 на „Делта ерлајнс“ безбедно се врати на аеродромот околу 8:35 часот откако екипажот пријавил вибрации, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА). Пилотите веднаш по полетувањето пријавиле во контролата на летање дека почувствувале чудни вибрации и слушнале звук на тропање.
Авионот летал 33 минути пред да се врати на ЏФК, пишува „ABC7 New York“.
„Откако леталото безбедно слета, беше забележано дека во одреден момент отпадот за итни случаи паднал“, рече портпаролот на „Делта“. За време на инцидентот во „Боингот 767“ имало 176 патници, двајца пилоти и пет стјуардеси. Нема извештаи за повредени.
Патниците биле префрлени во друг авион, кој полетал во 10:59 часот, околу три часа подоцна. Авионот чиј дел за итни случаи паднал е стар 33 години и нема да биде во служба додека „Делта“ не ја процени неговата соодветност. Од ФАА велат дека ќе го истражат целиот инцидент.