Свет
Прекинати активните спасувачки акции на Хаити
Обединетите нации соопштија дека владата на Хаити прогласи запирање на активната потрага по преживеаните од катастрофалниот земјотрес, откако во петокот под урнатите беа извлечени уште три преживеани лица
Обединетите нации соопштија дека владата на Хаити прогласи запирање на активната потрага по преживеаните од катастрофалниот земјотрес, откако во петокот под урнатите беа извлечени уште три преживеани лица.
Меѓународните спасувачки тимови досега спасиле 132 лица, а бројот на загинатите во катастрофалниот земјотрес, според официјални податоци изнесува повеќе од 111 илјади лица, а повредени се повеќе од 250.000 граѓани.
Спасувачите на Хаити во петокот под урнатините од земјотресот од 12 јануари извлекоа едно 22-годишно момче и две жени на возраст од 69 и 84 години. Преживеаните се во тешка состојба и лекарите се борат за нивните животи.
Интензивните хуманитарни активности во престолнината Порт-о Пренс и во другите населени места погодени со земјотресот на Хаити продолжуваат, соопшти претставник на Обединетите нации./крај/бт/хи/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

