Свет
Израел плати одштета за уништените објекти на ОН во Газа
Израел на Обединетите нации им плати 10,5 милиони долари отштета за уништениот имот на светската организација во време на минатогодишната офанзива против Палестинците во појасот Газа
Израел на Обединетите нации им плати 10,5 милиони долари отштета за уништениот имот на светската организација во време на минатогодишната офанзива против Палестинците во појасот Газа.
Во тринеделната израелска офанзива што заврши на 18 јануари 2009 година, беше оштетен центарот на Обединетите нации во Газа, опожарен беше магацин со сто илјади тони храна и лекови, а најмалку три училишта на ОН за палестинските бегалци беа оштетени.
Израелската офанзива на Газа беше најсмртоносна акција на Блискиот исток од војната во 1967 година. Според палестински податоци во офанзивата беа убиени 1417 Палестинци од кои 65 насто цивили, како и 13 Израелци, од кои повеќето војници. /крај/ста/мп
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.