Свет
Изборите во Авганистан се одложуваат
Парламентарните избори во Авганистан, првично планирани за 22 мај, се одложени за четири месеци
Парламентарните избори во Авганистан, првично планирани за 22 мај, се одложени за четири месеци.
Причина за одложувањето на изборите се недостигот на финансиски средства, проблемите во нивното организирање и безедноста, соопшти независната изборна комисија.
За одлагање на изборите најмногу се залгаа САД, кои сметаат дека пролонгирањето на рокот ќе даде повеќе време за реформи, за да се спречат манипулации како за време на претседателските избори во август 2009 година. /крај/да
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Положи заклетва: Мамдани официјално е новиот градоначалник на Њујорк
Зохран Мамдани стана градоначалник на Њујорк веднаш по полноќ, положувајќи ја заклетвата во напуштена станица на метрото во Менхетен.
Демократот, кој на 34-годишна возраст станува најмладиот градоначалник на градот со генерации, ја презема функцијата како една од политичките личности кон кои беа вперени очите на многумина во Соединетите Американски Држави, пишува „France24“.
Zohran Mamdani becomes the mayor of New York City after taking the oath of office at an historic, decommissioned subway station in Manhattan. Mamdani was sworn in as the first Muslim leader of America’s biggest city, placing his hand on a Quran as he took his oath. pic.twitter.com/D6qyebCa6L
— The Associated Press (@AP) January 1, 2026
Мамдани положи заклетва како прв муслимански лидер на најголемиот град во Америка, држејќи ја раката на Куранот додека ја рецитираше заклетвата, пренесува медиумот.
„Ова е навистина чест и привилегија за цел живот“, рече Мамдани во краток говор.
Церемонијата ја водеше обвинителката на Њујорк, Летиција Џејмс, негов политички сојузник, во старата станица на Градското собрание, една од првите станици на метрото во градот, позната по импресивните тавански лакови.
Во својот прв говор како градоначалник, Мамдани рече дека старата метро станица е „сведоштво за важноста на јавниот превоз за виталноста, здравјето и наследството на нашиот град“, додека во исто време го објави назначувањето на новиот комесар на Градскиот оддел за транспорт, Мајк Флајн.
Свет
Островот Бејкер во централниот Пацифик ќе биде последен што ќе влезе во 2026 година
Додека поголемиот дел од светот ја дочека Новата година, поголемиот дел од западниот брег на Северна Америка и бројни острови во Пацификот сè уште чекаат на почетокот на Новата година, а ненаселениот остров Бејкер во централниот Пацифик ќе биде последното место во светот што ќе влезе во 2026 година, во 13:00 часот по средноевропско време.
Регионот на Средниот Запад на Соединетите Американски Држави ја дочека Новата година во девет часот по средноевропско време, заедно со Гватемала, Костарика, Никарагва, Хондурас, Белизе и Ел Салвадор, објавува Би-Би-Си.
Кирибати, познат и како Божиќен Остров, во Тихиот Океан беше првото место во светот што ја прослави Новата година.
Сиднеј организираше огномет на полноќ што го осветли пристаништето, а највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи, исто така беше осветлена со спектакуларен огномет.
Во Њујорк, Новата година традиционално беше прославена со одбројување и спуштање на милениумската топка на Тајмс Сквер, со присуство на голем број њујорчани и туристи, додека Лондон ја пречека Новата година со традиционалниот огномет над Темза, пренесува Танјуг.
Потребни се 26 часа за целата планета да влезе во Новата 2026 година, па по Кирибати, кој прв ја пречека Новата година, потоа Нов Зеланд, Австралија, Азија, Европа, Новата година пристигна во Бразил (во 4 часот по средноевропско време), Њујорк (6 часот) и Лос Анџелес (9 часот).
Свет
Кипар од денес претседава со Европската Унија
Кипар објави дека ќе донесе „нов пристап кон преговарачката маса“ од моментот кога денес ќе го преземе претседателството со Европската Унија.
Како една од помалите членки на европскиот блок, Кипар ќе го извршува својот шестмесечен мандат на чело на ЕУ дисциплинирано и посветено, но и со „различен начин на размислување“, изјави вчера кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос, објавува Гардијан.
„Веруваме дека малите земји во овие ситуации имаат многу да понудат“, изјави Комбос за британскиот весник.
Како што истакна, тоа е сосема поинаков менталитет што може да се донесе на преговарачката маса, поинаков пристап.
„Како мала земја, ние сме посветени. Не го перцепираме (претседателството) како нешто што мора да го направиме, сакаме да го направиме на најдобар можен начин“, рече Комбос.
Тој нагласи дека Кипар е особено чувствителен на страдањето на Украинците.
„Агендата со право е Украина и така ќе остане. Но, сакаме во дискусијата да вклучиме прашања поврзани со поширокиот регион на Блискиот Исток, бидејќи Кипар се гледа себеси како дел од тој регион“, рече Комбос.
Комбос, исто така, истакна дека Никозија нема да „застане на патот“ на односите на европскиот блок со Анкара.
„Претседателот на Кипар Никос Христодулидис јавно изјави дека би сакал претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган да присуствува на неформалниот состанок на Советот во април. Нема да го користиме претседателството за да покренуваме национални прашања“, рече тој.
По 14 години, Кипар го презеде ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ на 1 јануари.
Како што објави „Дојче Веле“, Кипар ќе ја предводи Унијата во политички чувствителен момент што ќе ја обликува нејзината улога на глобалната сцена.
Кога Република Кипар првпат го презеде претседателството со Советот во 2012 година, Европската Унија се бореше да ги ограничи последиците од финансиската криза што беше на својот врв. Еврозоната и нејзината кохезија беа под постојан притисок, додека земји како Грција, Шпанија, Португалија и Ирска беа во програми за финансиска помош.
Кипар не беше исклучок. За време на претседателствувањето, земјата се соочи со сериозни проблеми во банкарскиот сектор, што само неколку месеци подоцна ќе ја принуди на пакетот за помош на ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд – програма за финансиско спасување за време на кризата во Еврозоната.
Денес, четиринаесет години подоцна, Кипар го презема претседателствувањето по втор пат, во сосема поинаков контекст. DW нагласува дека Европската Унија сега е повикана да ја редефинира својата улога како политички актер во услови на долгорочни геополитички тензии, како во Источна Европа, така и во Блискиот Исток, пренесува Танјуг.

