Свет
Бројот на загинати верници во Ирак се искачи на 54

Бројот на загинати во самоубиствениот напад врз Шиитски верници, што се случи денеска во Багдад, се искачи на 54, а повеќе од 120 лица се повредени, јавија светските медиуми.
Бројот на загинати во самоубиствениот напад врз Шиитски верници, што се случи денеска во Багдад, се искачи на 54, а повеќе од 120 лица се повредени, јавија светските медиуми.
Самоубиствениот напад го изведе жена која го активирала експлозивот, што го носела на себе во багдадскиот кварт Боуб Ел Шам.
Шиитските верници секоја година го одбележуваат крајот на четириесетдневната жалост за смртта на имамот Хусеин. Минатата година во самоубиствен напад над шиитските верници загинаа 40, а беа повредени 60 лица./крај/бт/иа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Индиската армија објави пропагандно видео за време на нападот

Индија синоќа изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и пакистански Кашмир, а Исламабад одговори со тврдење дека соборил пет индиски борбени авиони, во најсериозниот вооружен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните дваесет години.
Индиската страна објави дека биле погодени девет цели поврзани со „терористичка инфраструктура“.
Пакистан, од друга страна, тврди дека биле нападнати шест локации, дека осум лица се убиени, а 35 се ранети, додека двајца се водат како исчезнати.
"प्रहाराय सन्निहिताः, जयाय प्रशिक्षिताः"
Ready to Strike, Trained to Win.#IndianArmy pic.twitter.com/M9CA9dv1Xx— ADG PI – INDIAN ARMY (@adgpi) May 6, 2025
Индиската армија објави пропагандно видео на Икс во времето на нападот, на кое беа прикажани снимки од воени вежби и оружје на индиската армија. Гласот на снимката му кажува на непријателот дека ќе го најдат и ќе го уништат.
Свет
Индиски министер: Светот мора да покаже нулта толеранција кон тероризмот

По индиските напади врз она што властите го опишаа како „терористичка инфраструктура“ во Пакистан и пакистанскиот дел на Кашмир, индискиот министер за надворешни работи Субрахманјам Џајшанкар изјави на платформата Икс дека „светот мора да покаже нулта толеранција кон тероризмот“.
The world must show zero tolerance for terrorism. #OperationSindoor pic.twitter.com/dmcCLfbMjN
— Dr. S. Jaishankar (@DrSJaishankar) May 7, 2025
Да потсетиме, Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и пакистански Кашмир, а Исламабад одговори со тврдење дека соборил пет индиски борбени авиони, во најсериозниот вооружен конфликт меѓу двете нуклеарно вооружени држави во последните дваесет години.
Индиската страна објави дека биле погодени девет цели поврзани со „терористичка инфраструктура“.
Пакистан, од друга страна, тврди дека биле нападнати шест локации, дека осум лица се убиени, а 35 се ранети, додека двајца се водат како исчезнати.
Индиски извор од одбраната за Ројтерс изјави дека целите биле штабовите на екстремистичките групи Џаиш-е-Мохамед и Лашкар-е-Таиба.
Свет
Индија: Не гаѓавме пакистански цивилни, економски или воени цели

Индија ја бранеше својата воена операција во Пакистан, велејќи дека нападите биле „фокусирани и прецизни“ и дека не биле погодени цивилни, економски или воени цели во Пакистан.
„Акциите беа одмерени, одговорни и дизајнирани да не доведат до ескалација“, соопшти индиската амбасада, додавајќи: „Беа цел само познати терористички кампови“.
Од друга страна, пакистански извори тврдат дека во нападите загинале најмалку осум цивили, вклучувајќи жени и деца, и дека три индиски борбени авиони и еден дрон биле соборени на локации на индиска територија. Си-ен-ен не можеше независно да ги потврди овие тврдења.
Во соопштението на индиската амбасада се вели дека „јасно е дека терористите со седиште во Пакистан се одговорни за нападот од минатиот месец во Кашмир“, во кој загинаа 26 лица, претежно туристи. Наместо да дејствува против одговорните, Пакистан, тврди Индија, ја негираше одговорноста и го обвини Њу Делхи за организирање на нападите.