Свет
Постигнат договор во Северна Ирска

Премиерите на Велика Британија и на Ирска Гордон Браун и Брајан Каун, денеска ги обелоденија деталите за постигнатиот договор за поделба на власта во Северна Ирска.
Премиерите на Велика Британија и на Ирска Гордон Браун и Брајан Каун, денеска ги обелоденија деталите за постигнатиот договор за поделба на власта во Северна Ирска.
Договорот го постигнаа двете водечки политички партии во Северна Ирска, републиканскиот Шин Фејн, кој се залага за обединување на Ирска и Демократските унионисти, кои се за зачувување на тесните врски со Лондон.
Двете страни се согласија до 12 парил годинава да биде извршен пренос на полициски и правосудни овластувања од Лондон на Белфаст.
Несогласувањата меѓу републиканците и унионистите што ги претставуваат северноирските католици и протестанти, се закануваа да ја урнат владата во која двете партии ја делат власта по повеќегодишните судири во Северна Ирска.
Британскиот премиер Браун нагласи дека со најновиот договор е осигуран траен мир, а власта е во рацете на граѓаните на Северна Ирска.
Неговиот ирски колега, Брајан Коуен додаде дека со ова е направен нужен чекор кон мирот, стабилност и безбедноста во Северна Ирска.
Договорот, кој беше постигнат по десетдневни преговори , денеска го поздрави и американскиот државен секретар Хилари Клинон../крај/ин
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украинците ја слават Меланија Трамп: „Агент Трампенко“

Oткако американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека го менува својот став кон Русија, Украинците ги преплавија социјалните медиуми со мемиња и пораки за поддршка – не за него, туку за неговата сопруга, Меланија Трамп. Многумина веруваат дека токму поранешната манекенка од Словенија е одговорна за ненадејната промена на реториката на Трамп кон Москва, пишува „Индекс“.
Зборувајќи во Белата куќа на состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп раскажа како неговата сопруга му ги отворила очите на рускиот претседател Владимир Путин.
„Разговорите со Путин секогаш се многу пријатни. Велам: Не беше ли тоа прекрасен разговор? А потоа таа вечер – ракети“, рече Трамп. „Се враќам дома и ѝ велам на првата дама: Денес разговарав со Владимир. Имавме прекрасен разговор. И таа вели: Навистина? Уште еден град е погоден.“
Trump: "I go home and tell the first Lady, I spoke to Vladimir (Putin) today and we had a wonderful conversation. She said: "Oh really? Another city was just hit…" pic.twitter.com/DXXwF8Vgm5
— 🪖MilitaryNewsUA🇺🇦 (@front_ukrainian) July 14, 2025
Меланија Трамп е родена во Словенија и пораснала во поранешна Југославија, а јавноста постојано ја перцепирала како посклона кон Украина отколку кон американскиот претседател. Веќе во 2022 година, по руската инвазија на Украина, таа ги повика своите следбеници на социјалните мрежи да донираат на Црвениот крст, велејќи дека е „скршена од срцето и ужасната од страдањето на невините луѓе“.
Во февруари оваа година, Трамп го нарече украинскиот претседател Володимир Зеленски диктатор, а до оваа недела се двоумеше да даде конкретна поддршка на Украина.
По изјавата на Трамп во Овалната соба, на социјалните мрежи се појавија стотици фотографии што ја слават Меланија. Најпопуларната ја прикажува како „агент Меланија Трампенко“, со лицето полу во сенка и големата шапка што ја носеше на инаугурацијата.
Списанието „Бизнис ин Украина“ наведува дека „има многу љубов кон Меланија Трамп на социјалните мрежи“, по објавувањето на новата испорака на американскиот противвоздушен одбранбен систем „Патриот“ во Украина. Тие исто така објавија илустрација на насловната страница на кој се прикажани три цртани ликови со воени капи, кои ѝ подаваат на Меланија капа со украинско знаме – знак дека таа станала „Украинка“.
Свет
Трамп: Зеленски не треба да ја гаѓа Москва

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не треба да наредува напади врз Москва, и покрај најавата дека Украина ќе добие нови пратки западно оружје и сè поострата реторика кон Русија.
Изјавата на Трамп доаѓа откако „Фајненшл тајмс“ објави дека американскиот претседател неодамна го прашал Зеленски дали Украина планира да ја таргетира Москва ако САД испорачаат оружје со долг дострел. Иако Белата куќа не ги коментираше наводите на британскиот весник, Трамп денес јасно им кажа на новинарите дека не поддржува таков потег.
Во разговор со новинарите пред да ја напушти Белата куќа, Трамп го коментираше и својот ултиматум до Русија, според кој Москва има 50 дена да се согласи на прекин на огнот во Украина, во спротивно ќе се соочи со високи тарифи. „Ќе видиме што ќе се случи со претседателот Путин“, рече Трамп.
Кога го прашаа дали сега е на страната на Украина, Трамп одговори: „Не сум на ничија страна. Јас сум на страната на човештвото“. Тој додаде дека сака да го запре убивањето: „Сакам да го запрам масакрот на илјадници луѓе неделно“, рече Трамп.
Свет
Шефот на НАТО: Имам порака за Кина, Индија и Бразил – Ве молам, јавете му се на Путин

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека секундарните санкции, кои вчера ги најави американскиот претседател Доналд Трамп, би можеле сериозно да ги погодат големите увозници на руски енергенси, како што се Кина, Индија и Бразил.
„Мојата порака до овие три земји е: можеби треба подобро да размислите, бидејќи ова може сериозно да ве погоди. Ве молам, јавете му се на Владимир Путин и кажете му дека мора сериозно да се зафати со мировните преговори“, изјави Руте за време на посетата на Вашингтон.
Тој додаде дека Европа нема да дозволи Украина да остане без поддршка додека не се создаде простор за мир.
„Ќе најдеме пари во Европа за да обезбедиме Украина да биде во најдобра можна позиција штом започнат мировните преговори“, рече Руте.
Руте се повика на вчерашната изјава на Доналд Трамп, кој ѝ даде рок од 50 дена на Русија да прифати прекин на војната во Украина. Во спротивно, порача Трамп, САД ќе воведат нови царини за руската стока, како и секундарни санкции за земјите кои ќе продолжат да увезуваат руски енергенси.
Трамп исто така најави масовна испорака на американско оружје за Украина, вклучувајќи системи „Патриот“ и друго оружје, со посредување на НАТО сојузниците во Европа. Тој нагласи дека, доколку Москва ги одбие мировните преговори, одговорноста ќе ја сносат и нејзините надворешни партнери.
Само еден ден по изјавата на Трамп, Кина ја засили својата поддршка за Москва. Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Пекинг и Москва треба да ја „зајакнат меѓусебната поддршка на мултилатерални форуми“, објави државната агенција Синхуа по средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пекинг.
Заканата од Трамп за секундарни санкции директно се однесува на земји како Кина, Индија и Бразил – кои се меѓу најголемите купувачи на руска нафта и гас. Реакцијата на Кина укажува дека пораките од Трамп не наидоа на очекуваниот ефект.