Свет
Маоистите убиле 24 полицајци во напад во Индија
Маоистите убиле 24 полицајци во напад врз полициска база на истокот на Индија, соопштија денеска официјални лица.
Маоистите убиле 24 полицајци во напад врз полициска база на истокот на Индија, соопштија денеска официјални лица. Претходно е соопштено дека во вчерашниот напад имало 17 мртви, но во базата, претворена во вистинско бојно поле, биле најдени уште седум тела. Околу 20 бунтовници на мотоцикли отвориле оган врз полицајците и фрлиле бомби, при што дошло до пожар во базата Шилда, што се наоѓа на околу 170 километри југозападно од Калкута, главен град на државата Западен Бенгал. Во базата, во моментот на нападот, имало околу 100 полицајци и припадници на безбедносните сили. Ова е најголем напад на маоистите врз индиските безбедносни сили од јули минатата година, кога припадниците на оваа екстремно левичарска герила убија 30 полицајци во два одвоени напади во соседната држава Чатисгар. Минатиот октомври 17 полицајци се убиени на западот на земјата. /крај/б/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

