Свет
Обама утре ќе ја објави изградбата на нуклеарната централа
Американскиот претседател Барак Обама утре ќе ја објави гаранцијата вредна 8.3 милијарди долари наменета за изградба на првата нуклеарна централа на територијата на САД
Американскиот претседател Барак Обама утре ќе ја објави гаранцијата вредна 8.3 милијарди долари наменета за изградба на првата нуклеарна централа на територијата на САД во последните три децении.
Нуклеарката е дел од напорите на САД да ја намалат зависноста од нафта, при што се очекува Обама пред американската нација да ја објави намерата за поставување на два реактори во сојузната држава Џорџија.
Федералните гаранции за заемот се сметаат за неопходни во градењето на атомската централа поради големите трошоци при изградбата.
Од друга страна, критичарите истакнуваат дека гаранциите ќе ги доведат даночните обврзници во незавидна положба со оглед со оглед на зголемените трошоци и неисполентите обврски од враќањето на заеми во овие индустриски гранки.
Нуклеарната централа во Џорџија ќе вработи 3.000 работници, а реакторите ќе произведуваа струја за потребите на 1.4 милиони луѓе додека централата ќе има 850 луѓе кои ќе бидат постојано вработени./крај/бт/вм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

