Контакт

Вести

Најмалку 21 човек убиен во племенски судир поради мајмун во Либија

Објавено пред

Најмалку 21 човек е убиен а стотина се ранети во текот на четиридневните судири меѓу две ривалски племиња во градот Себха, на југот од Либија, соопштија во недела болнички извори.

dobivaj vesti na viber

Пред неколку дена започнал вооружениот судир меѓу племињата Авлед Сулејман и Гададфа, на коешто му припаѓаше и соборениот и егзекутиран либиски авторитарен водач Моамер ел-Гадафи.

Податоците за жртвите и ранетите се однесуваат само на племето Авлад Сулејман, изјави директорот на болницата во Себха, Насер ал-Џехми. Засега не е познат бројот на жртвите ај племето Гададфа, кои биле примени во друга болница.

Засега не е јасно што било поводот за судирот, но либиските медиуми и социјалните мрежи објавуваат дека судирот избувнал во четвртокот кога мајмун на еден припадник на едно од племињата нападнал ученичка чие семејство било од другото племе.

Некои куќи се погодени со ракети и минофрлачки гранати, рекле очевидци.

Ваквата верзија на настаните не е потврдена од официјални извори. Салах Бадр, член на градското собрание на овој град, изјавил кратко одговарајќи на прашање на агенцијата AFP дека овие две племиња со години се во затегнати односи.

По соборувањето на власта на Гадафи во октомври 2011 година, судирите меѓу ривалските племиња во Себха се редовна појава која зад себе остава десетици мртви.

Либија, каде што петта година трае борбата за власт, досега не успеа да воспостави ред и безбедност на својата голема територија, на која беснее безвластието и крвавите судири на поранешните бунтовнички фракции, а зајакнуваат и радикалните исламистички групации како Исламската држава./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Син ја убил мајка си во Штип

Утрово во 04.15 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.З.(54) од Штип. Тој се...

Македонија1 час

Мицкоски: Карпалак е обврска да изградиме држава во која нема да има место за омраза и поделби

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, напиша на социјалните...

Македонија3 часа

Одбележана 24-годишнината од загинувањето на десеттемина армиски припадници кај месноста Карпалак

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска-Ристова и директорот на Генералштабот, бригаден...

Македонија3 часа

Семејна заштеда и помал притисок за родителите: Дурмиши за поевтинувањето на училишниот прибор

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја промовира новата владина мерка „Училишна кошничка“, насочена кон намалување на трошоците...

Македонија6 часа

Надлежните со препораки до граѓаните поради најавата за температури до 39 степени во периодот до 13 август

Министерството за здравство информира дека, според најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од 8 до 13 август 2025...

Македонија6 часа

Четири цени за паркинг во Клинички, просторот ќе се прошири двојно

Министерот за здравство, Азир Алиу, информира дека во Клиничкиот центар ќе има четири различни влезови со различни ценовници за паркирање...

Свет6 часа

Израел се подготвува за целосна окупација на Појасот Газа

Израелскиот безбедносен кабинет го одобри планот на премиерот Бенјамин Нетанјаху за преземање воена контрола над Газа, што претставува нова голема...

Свет8 часа

Либанската влада го поддржа американскиот план, луѓето на Хезболах ја напуштија седницата

Министерот за информации на Либан објави дека владата ги одобрила целите на американскиот предлог за разоружување на Хезболах до крајот...

Hitech8 часа

„Опен ВИ“ го претстави „Чат ГПТ 5“, дава поточни одговори за медицината, науката, финансиите

Компанијата „Опен АИ“ денес официјално го претстави својот долгонајавуван модел на вештачка интелигенција „ГПТ-5“, кој сега е достапен бесплатно за...

Македонија22 часа

Германски државјанин протеран од државата: на натпреварот Шкендија-Карабаг во Скопје веел знаме „Голема Албанија“

По извршена идентификација и поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично...

Македонија23 часа

Одложени активности на отворено: Министерството за здравство со препораки поради најавите за високи температури

Министерството за здравство информира дека во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во периодот од 8...

Македонија1 ден

Забрана за движење во шумите до крајот на август, за прекршителите казна до 2.000 евра: Владата ја продолжи кризната состојба од 30 дена

На владината седница е донесена одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. Со ова продолжување, како...

Македонија1 ден

Трговците да ги намалат цените на училишниот прибор пред почетокот на школската година, одлучи Владата

Владата на 100. седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10...

Топ1 ден

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски...

Македонија1 ден

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено...

Македонија1 ден

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен...

Македонија1 ден

Синдикатот на новинарите бара зголемување на минималната плата: социјалниот статус на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во време на општата дебата за висината на минималната плата недвосмислено е за...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на...

Македонија1 ден

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија...

Свет1 ден

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството...