Контакт

Вести

Трамп за челник на Пентагон ќе именува генерал на маринците

Објавено пред

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го именувал поранешниот генерал на Маринскиот корпус, генералот Џемјс Матис за функцијата министер за одбрана, пренесе телевизијата ABC News.

dobivaj vesti na viber

По состанокот со генералот Џејмс Матис во Њу Џерси, Доналд Трамп, изјавил дека Матис е „она што е потребно“. Истовремено новоизбраниот претседател не одговорил за медиумите дали на потенцијалниот кандидат му понудил кава и да е должност велејќи кусо „Ќе видими“. Трамп додал дека Матис е „извонреден човек“, кој имал „брилијантна кариера“.

Генералот Џејмс Матис учествувал во војните во Авганистан и во Ирак. Бил Врховен командант на здружените вооружени сили на НАТО за трансформација, началник на Заедничката команда на вооружените сили на САД, началник на Централната команда на американски војски. Матис отстапи од должностите и се пензионираше во 2013 година.

Во политичките кругови е познат како ткн тврдолинијаш, кој за Русија смета дека има намера да го „растури НАТО“, а за Кина дека „игра на противречностите“ меѓу американските сојузници.

Покрај Матис, меѓу претендентите на местото челник на Пентагон, во американските медиуми е споменуваат и Стивен Хендли, поранешен советник на републиканскиот претседател Џор В.Буш за национална безбедност, како и армискиот генерал со четири ѕвездички во пензија и поранешен сенатор од сојузната држава Мисури, Џим Талант./крај/мф/сн



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Пендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка, извори од СДСМ потврдија за Макфакс. Оваа одлука на трети март ќе...

Македонија7 часа

Таравари сака претседателот да се избира во Собрание, а не на избори: „ДУИ да ја поддржи мојата кандидатура“

Кандидатот за претседател на Македонија од страна на албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари ги објави целите поради коишто се вклучил...

Македонија8 часа

Стевчо Јакимовски кандидат за претседател на Македонија

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе биде кандидат за претседател на Македонија, на предлог на неговата партија, ГРОМ....

Македонија8 часа

Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува на 2 март

ВМРО-ДПМНЕ објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова...

Македонија10 часа

Швајцарија дозволува движење со старите пасоши, а Босна не ги признава ниту старите лични карти, рече Османи

Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидноста на македонските пасоши, појасни министерот Бујар Османи. Одговарајќи на...

Македонија11 часа

„ФЗО ниту беше известен, ниту учествуваше во организацијата за транспортот со хеликоптер“, се огласија од Фондот за Леонид

Од ФЗОРСМ се огласија преку зоопштение и велат дека од првиот момент со внимание го следат случајот на Л.И. од...

Топ11 часа

Повторно дете нападнало дете во училишен двор во Карпош – случајот е во рацете на полицијата

Мајка од Скопје пријавила во полицијата дека пред два дена, околу 21.40 часот, син ѝ бил нападнат во училиштен двор...

Македонија12 часа

„Ахмети ќе ја соопшти големата вест“ – ДУИ најави обраќање во живо на „Фејсбук“

Демократската унија за интегрцаија (ДУИ) објави дека утре во 11 часот, партискиот лидер Али Ахмети ќе им се обрати на...

Топ12 часа

Брат пукаше во сестра си и во нејзините два сина во Куманово – две од лицата починаа

Три лица беа застрелани, а двајца починаа во кумановското село Габреш. Според информациите од МВР, зад убиствата стои Д. Ѓ....

Македонија13 часа

Костадиновска-Стојчевска: Да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воената болница

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до „Воена болница“ во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од...

Македонија15 часа

Цените за катастарските услуги удрија по џебот на граѓаните: поскапувањето не е 300 отсто, туку 90

Според претседателот на Комората на трговските друштва за геодетски работи, Никола Рибароски, најновите поскапувања на тарифниците на Агенцијата за катастар...

Македонија15 часа

Вкупно 56 потврдени случаи на голема кашлица, во следните недели се очекува зголемен број кај повозрасните

По денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, претседателот Александар Петличковски рече дека состојбата со големата кашлица е под...

Македонија15 часа

Ковачевски се извини: Ги прифаќам сите реакции, не сакам да дојде време да се случува она што се случуваше до 2016

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, присуствуваше на почетокот на градежните работи на објектот Универзална сала, каде повторно им се извини...

Македонија18 часа

„Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога“, велат СДСМ

„Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и...

Македонија18 часа

„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини...

Свет20 часа

Кина остро ги критикува САД поради ставеното вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара...

Европа21 час

Западните лидери го обвинија Путин за смртта на Навални, Трамп не: „Можеше да остане настрана“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Алексеј Навални бил многу храбар човек кој веројатно не требало да се...

Свет21 час

Ники Хејли: Трамп е премногу стар

Кандидатката за републиканска номинација Ники Хејли вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кампања, велејќи дека нема намера да се...

Регион21 час

(Видео) Протест во Албанија, фрлени „молотови коктели“ врз зградата на владата: „Го рушиме режимот на Рама“

Демонстрантите од опозицијата вчера фрлаа молотови коктели и камења врз зградата на албанската влада, обвинувајќи ги владините претставници за вмешаност...

Европа1 ден

Лукашенко: Десетици илјади војници на НАТО се распоредени во близина на Белорусија и Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека загриженоста за можниот почеток на Третата светска војна е целосно оправдана, пренесува руската...