Контакт

Вести

Асанж се нафрли на Клинтон за тврдењето дека е поврзан со Русија

Објавено пред

Основачот на интернет ресурсот кој објавува разобличувачки доверливи материјали WikiLeaks, Австралиецот Џулијан Асанж, во вторникот ја бранеше одлуката да ја објавува електронската пошта од изборната кампања на демократската кандидатка за претседател на САД, Хулари Клинтон, и негираше каква и да е поврзаност со Русија, за што го обвини претходно поранешната државна секретарка и додаде дека вистинскиот победник на американските претседателски избори ќе биде тамошното општество.

dobivaj vesti na viber

Последните седмици пред американските претседателски избори WiiLeaks објави десетици илјади електронски преписки на Демократската партија и челникот на кампањата на Хилар Клинтон, Џон Подеста, поточно од неговиот акаунт на Gmail.

Изборниот тим на Хилари Клинтон ја негираше автентичноста на овие пораки и ја обвини Русија, дека во намерата да му помогне на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, ја оркестрирала „хакерската“ операција за упади во серверите на Демократската партија.

„Кампањата на Хилари Клинтон, кога не шири очигледни невистини, покажува со прст во неименувани извори или се служи со шпекулативни и матни изјави од разузнавачката заедница, да ни ја припише расипаната лојалност на Русија“, изјавил Асанж, објави на Twitter.

Истакнува дека објавувањето на приватната преписка на шефот на изборниот штаб на Клинтон било направено не од „личната желба да се влијае врз исходот од изборите“.

„Кандидатите, и на Демократската и од Републиканската партија, изразија непријателски ставови кон ’свиркачите’“, пишува Асанж.

Асанж, исто така, вели дека американското општество ќе биде вистинскиот победник на претседателските избори кои се одржуваат во вторникот во САД.

„Без оглед на резултатите од претседателските избори во САД во 2016 година, вистински победник е американското општество, кое доби повеќе информации како резултат на нашата работа“ на WikiLeaks се истакнува во соопштението на Асанж објавено на денот на изборите.

Истовремено во вторникот, уште еден глобално познат „свиркач“ поранешниот аналитичар на американското разузнавање кој на светот му го откри масивното следење на комуникациите на милиони луѓе во светот, Едвар Сноуден, кој се наоѓа во егзил во Москва, им порача на своите сонародници Американци сите да излезат на гласање.

„Денеска вие создавате утрешнина“, порача Сноуден преку својот акаунт на Twitter./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Познат идентитетот на Македонката која загина во тешка сообраќајна незгода во Грција, тешко повредени уште две девојки

Министерството за надворешни работи соопшти дека денеска во 12 часот по локално време, на автопатот Егнатиа, во Република Грција, се...

Регион7 часа

(Видео) 11 загинати во пожари во Турција, и Грција се бори со огнот

Најмалку единаесет лица загинаа, а десетици се повредени во пожар со ниска вегетација што ветрот го прошири во неколку села...

Регион7 часа

Црногорците и Албанците ја објавија причината за историскиот прекин на струја

Историски прекин на струја ги погоди денеска Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и поголемиот дел од хрватското крајбрежје. Бизнисите...

Македонија9 часа

(Видео) 30-годишна Македонка загина во сообраќајна несреќа кај Солун, објавија грчките медиуми

Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила на патот Игнација Верија – Солун, денеска напладне. Беше околу 12 часот,...

Регион11 часа

Почна да се враќа струјата во Хрватска и БиХ, „падна далноводот меѓу Грција и Албанија“

По хаосот и прекините во електроенергетскиот систем, електричната енергија е вратена во многу градови низ Босна и Херцеговина. Се врати...

Македонија13 часа

Меџити: Нема да играм фудбал со министрите во кабинетот и нема да се занимавам со бизнисите на Лотарија и Соравиа

Денеска, од оваа промотивна конференција на програмските столбови и новиот владин тим, накратко ќе ги претставам нашите предизвици во наредните...

Македонија13 часа

Деспотовски: Изборите на 30 јуни се референдум за СДСМ – продолжуваме по старо или одиме по ново

Кандидатот за претседател на Социјалемократскиот сојуз на Македонија, Јован Деспотовски порача дека престојните претседателски избори во партијата се референдум на...

Македонија14 часа

Сообраќајка на патот Прждево кон Демр Капија, сообраќајот во целосен прекин

Oд 12:10 часот на регионален пат 1102 – село Прждево кон Демр Капија, поради сообраќајна незгода, сообраќајот е во целосен...

Европа15 часа

(Видео) Дрон удри во рафинерија за нафта во Русија

Беспилотно летало ја погоди рафинеријата за нафта Илски во руската област Краснодар, при што беа повредени две лица и предизвикан...

Македонија16 часа

Филипче: Ќе ја отвориме работата на комисиите – политиките ќе се градат врз основа на широка стручна дебата

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, вчера во Куманово пред партиското членство ги образложи главните постулати на неговата програма....

Регион16 часа

Жена е пронајдена на плажа во Полихроно, мислеле дека е онесвестена

Неидентификувана жена е пронајдена онесвестена, во четврток попладне на плажа во Полихроно во општина Касандра на Халкидики. Жената била преземена...

Македонија16 часа

Планинарска спасителна служба извлече повреден турист во Охридско, лицето е пренесено во болница

Регионалниот ЦУК Охрид, извести дека вчера Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот, имала спасителна акција на територија на...

Свет17 часа

Путин и се закани на Јужна Кореја

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Јужна Кореја дека ќе направи „голема грешка“ доколку ја вооружи Украина во војна против...

Свет18 часа

Трамп предлага зелен картон за странците кои дипломираат во САД

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп вчера предложи луѓето кои дипломираат на универзитетите во САД автоматски да добијат зелен картон, или...

Свет19 часа

Северна Кореја гради ѕид на границата со Југот

Северна Кореја гради ѕид на неколку локации во близина на границата со Јужна Кореја, откриваат сателитски снимки анализирани од Би-би-си....

Свет19 часа

(Видео) Нетанјаху објави снимка во која ги критикува САД; Белата куќа: Длабоко сме разочарани

Белата Куќа изрази длабоко разочарување поради критиките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кон САД, во услови на тензии меѓу двата...

Македонија19 часа

Зголемена фреквенција за излез од државата, се чека околу 45 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет1 ден

Руте е идниот шеф на НАТО – верен сојузник на Украина и жесток критичар на Путин

Холанѓанецот Марк Руте, кој ќе стане нов генерален секретар на НАТО, е жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин и...

Македонија1 ден

Сиљановска и американската амбасадорка разговараа за ЕУ: „Поцесот не смее да трпи притисоци од други земји-членки“

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. На средбата беше разговарано за можностите...

Регион1 ден

Бомбашки напад во Црна Гора, убиени двајца припадници на озлогласен мафијашки клан

Две лица загинаа, а три се повредени утринава на Цетиње во Црна Гора, кога била активирана експлозивна направа во близина...