Вести
Буш помладиот не гласал ниту за Трамп, ниту за Клинтон

Поранешниот американски републикански претседател Џорџ В. Буш (помладиот) и неговата сопруга Лора Буш не гласале во вторникот за ниеден од претседателски кандидати, пренесуваат тамошните медиуми.
Двојката Буш гласале на општите избори предвремено пред две седмици, пренесува телевизиската мрежа CBS News. Весникот The Wall Street Journal, пак, повикувајќи се на претставник на семејството, Џорџ и Лора Буш не го дале својот глас ниту за републиканскиот кандидат Доналд Трамп, ниту за демократската кандидатка Хилари Клинтон, туку наводно нивниот избор паднал на претставник на друга политичка партија.
Оваа изјава всушност претставува демант на информациите кои претходно во вторникот ги објави познатиот радио водител Раша Лимбо, кој тврдеше дека сопружниците Буш гласале за поранешната прва дама Хилари Клинтон.
„Имам сознанија дека Џорџ Буш помладиот и Лора Буш гласале за Хилари Клинтон“, истакнал во текот на радио емисија.
Водителот го поврзал тоа со изјавите на кандидатот за републиканската претседателска номинација, Џеб Буш, братот на поранешниот американски претседател.
„Од една страна, тоа е лично. Се сеќавате што Трамп изјавуваше за Џеб. Трамп, исто така, си дозволи непријателски изјави во однос на самиот Џорџ Буш помладиот“, истакна Лимбо. За можност така да гласа уште во септември вице-гувернерот на сојузната држава Мериленд, Кетлин Кенеди Тунсенд.
Сепак, според американските медиуми, поранешниот претседател и поранешната прва дама гласале за републиканците во трката за Конгресот.
Американците во вторникот гласаа, покрај за претседател, и за новиот состав на Претставничкиот дом на Конгресот, за 435 пратеници, за 34 од 100-те сенатори, гувернери во 12 сојузни држави и двете територии Порторико и Американска Самоа, како и за 15 градоначалници на големи градови./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.
Вести
Украина апелира до Русија да го дозволи коридорот во Мариупол

Украина денеска испрати нов апел до Русија да дозволи хуманитарен коридор во Мариупол и да ги пушти цивилите од овој опколен град.
Бараме отворање на хуманитарен коридор за цивили – објави вицепремиерката Ирина Верешчук на украинската телевизија, пренесува „Ројтерс“.
Верешчук нагласи и дека руските вооружени сили спречуваат хуманитарна помош да стигне до жителите на градот Херсон на југот на земјата.
Украина денеска соопшти дека нејзините напори за евакуација на цивилите од опколените градови првенствено биле насочени кон Мариупол, но не објави никаков нов договор со Русија, кој би овозможил безбеден премин за нејзините заробени жители, пренесе Ројтерс.