Свет
Божик во семејствата на досегашниот и на избраниот претседател на САД
Загатки и сладолед за претседателот на заминување Барак Обама и неговите ќерки на Хаваи, литургија на Флорида за семејството на избраниот американски претседател Доналд Трамп, претседателскиот божикен викенд се одвиваше далеку од политиката, и ако вториот не можеше да се воздржи во текот на целото празнување.
Барак Обама во друштво на ќерките Саша и Малиа ја напушти во саботата резиденцијата за одмор за да руча во ресторан, а потоа ја посети Вајкики Брекаут, позната туристичка атракција каде што играчите се затворени во просторија на еден час решавајќи ги загатките. Според медиумите, семејството Обама успеало да излезе од просторијата 12 секунди пред истекувањето на предвиденото време.
Претседателката колона потоа запрела поради сладолед. Првата дама Мишел не учествувала во излегувањето, бидејќи имала други закажани активности.
Неколку илјади километри подалеку од нив, и речиси во истиот момент поради временската разлика, Доналд и Меланија Трамп присуствуваа во саботата вечерта на божикната литургија во епископалната црква Бетесдал-бај-д-Си, во близина на Палм Бич, каде што ги минуваат празниците. Во оваа црква следните станари на Белата куќа се венчаа во 2005 година.
Идниот американски претседател, сепак, не можеше да се воздржи да не мисли на работата, и испрати твит поврзан со несогласувањата со информативната програма на американската телевизиска мрежа NBC News, а потоа и за освојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која е неповолна за Израел.
И двајцата претседатела објавија твитови честитајќи го Божик, Обама со фотографија на семејството, а Трамп со своја пред божикно дрво, забележуваат американските медиуми/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.