Свет
Британски весник: Русија му понуди на Иран испорака на беспилотни летала и обука за нивна употреба
Русија му понуди на Иран испорака на беспилотни летала и обука за нивна употреба против американските сили во Заливот и други региони, објави денес британскиот весник „Економист“, повикувајќи се на доверлив документ до кој имал пристап.
Според весникот, документот укажува дека руската воена разузнавачка служба ГРУ подготвила план за снабдување на Иран со 5.000 беспилотни летала со краток дострел, како и непознат број беспилотни летала со долг дострел водени од сателит, заедно со обука за нивна употреба.
Владимир Путин, според претходните сознанија, му обезбедил на Иран разузнавачка поддршка за операции против американските сили на Блискиот Исток, но овој план би претставувал прв доказ за можна понуда на софистицирано оружје во поголем обем, наведува весникот.
„Економист“ пишува дека документот не е датиран, но проценува дека е создаден во текот на првите недели од војната меѓу Иран, САД и Израел, кога постоела можност за американска копнена интервенција против Иран.
Весникот истакнува дека нема директни докази дека документот бил доставен до иранските власти, дека беспилотните летала биле испорачани или дека програмата за обука била започната.
Христо Грозев, експерт за руските разузнавачки служби, оцени дека содржината на документот е во согласност со другите индикатори за зајакнување на воената соработка меѓу Русија и Иран.
Според „Економист“, на крајот на март, Русија размислувала за испраќање подобрени верзии на беспилотните летала од типот „Шахед“, кои претходно ги купила од Иран, а потоа почнала да ги произведува.
Во весникот, исто така, се наведува дека беспилотните летала со оптички влакна значително го промениле начинот на војување во Украина, бидејќи не се подложни на електронски пречки и овозможуваат прецизни удари на растојанија од повеќе од 40 километри.
Вакви беспилотни летала се појавија и во Либан, каде што, според израелските претставници, Хезболах ги користел против израелските сили.
„Економист“, исто така, наведува дека планот предвидува регрутирање оператори на беспилотни летала меѓу иранските студенти на руските универзитети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Мелони по расправијата со Трамп: Време е за враќање во нормала
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека односите меѓу Италија и САД треба да се вратат во нормала по минатонеделната јавна расправија со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Немам намера да продолжам да ја разгорувам оваа расправија“, изјави Мелони во интервју.
Во петокот, Мелони го обвини Трамп дека измислил приказна за неа, откако американскиот претседател за италијанска телевизија изјави дека таа го „молела“ да се фотографира со неа на неодамнешниот самит на Г7 во Франција.
Мелони одговори дека „ниту таа, ниту Италија никогаш не молат“ и порача дека билатералната соработка меѓу Италија и САД треба да се врати во нормални рамки.
Таа нагласи дека не очекува негативни последици врз односите меѓу двете земји и оцени дека тие остануваат добри.
Спорот дополнително се заострил откако италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани соопштил дека го откажува планираното патување во САД поради навредливите изјави на Трамп.
Свет
(Видео) Пожар во облакодер во Мадрид
Пожар избувна во облакодерот Торе Моеве во Мадрид, каде што се наоѓа седиштето на шпанската енергетска компанија Moeve.
Поради густиот чад, зградата беше евакуирана, а вработените и другите присутни беа изведени надвор. Според полицијата, пожарот подоцна бил ставен под контрола и нема повредени.
Hace unos 15 minutos se oyó una explosión en la torre de Moeve, en la 4 torres en Madrid pic.twitter.com/gChyIEGIe1
— ArturoCrosby (@ArturoCrosby) June 23, 2026
Сведоци изјавиле дека чадот почнал да се шири уште пред да се вклучи противпожарниот аларм. Причината за пожарот засега не е позната.
Hace unos 15 minutos se oyó una explosión en la torre de Moeve, en la 4 torres en Madrid pic.twitter.com/gChyIEGIe1
— ArturoCrosby (@ArturoCrosby) June 23, 2026
Свет
Зеленски му предложил на Трамп да го донесе Путин на самит во САД
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му предложил на американскиот претседател Доналд Трамп да организира самит во САД на кој би присуствувал и рускиот претседател Владимир Путин.
Според украински извори, Зеленски смета дека на Путин би му било многу потешко да одбие покана од Трамп отколку директна покана од Киев. Наводно, Трамп позитивно ја примил идејата, но американски претставници посочуваат дека таква средба не треба да се очекува во блиска иднина.
Предлогот доаѓа во време кога Украина ги засилува нападите врз руска територија, со цел да изврши притисок врз Кремљ за посериозни мировни преговори.
За време на неодамнешната средба, Зеленски и Трамп разговарале и за противвоздушната одбрана на Украина и можноста за лиценцирано производство на ракети за системот Патриот во Украина.
