Свет
Екс агент на CIA тврди дека САД го користеле Кастро против СССР
Неодамна починатиот кубански револуционер и децениски челник на карипскиот комунистички остров веднаш до САД. Фидел Кастро, всушност претставувал економски товар за поранешниот Советски сојуз, и поради таа причина во еден момент Вашингтон престанал да биде заинтересиран за негова ликвидација па дури и почнал да го поддржува, тврди поранешниот агент на американската Централна разузнавачка служба (CIA) Феликс Родригез, кој учествувал во заробувањето и ликвидацијата на аргентинско-кубанската герилска икона Ернесто Че Гевара во 1967 година.
Снимката од интервјуто на Феликс Родригез за латвиското радио Baltkom беше емитувано во понеделникот, како специјален осврт на медиумите посветен на смртта на деценискиот кубански лидер Фидел Кастро.
Одговарајќи на прашањето на новинарот зошто обидите на CIA за ликвидација на кубанскиот челник завршувале со неуспех, а се споменува збор за повеќе од 630 несушени обиди за атентат врз Кастро, Родригез вели дека претпоставува оти CIA во едем момент започнала да го користи во борбата со тогашниот СССР.
„Во почетокот го имаше и тоа (обидите за атентати), но пота, според мое убедување, него започнаа да го поддржуваат (САД). Тоа се должи на фактот што Кастро стана огромно економско бреме за Советскиот сојуз. СССР трошеше големи пари за да ја одржува Куба во живот. Од таа причина САД не беа заинтересирани да се ослободат од Фидел Кастро. Се разбира, имаше луѓе кои беа ‘при рака’, и имаше атентати, коишто, за жал не беа успешни. Јас самиот се предложив за ликвидацијата на Кастро, кога тој престојуваше во логор за обука во Гватемала. Ме прифатија, но потоа планот беше променет и тоа не се случи. Како и да е, атентати немаше толку многу како што зборуваше самиот Кастро. И она во што можеме да бидеме апсолутно уверени, е тоа што Фидел Кастро имаше огромна поддршка до своите разузнавачки служби“, вели Родригез.
Во продолжение некогашниот агент на американска CIA раскажува како била организирана заштитата на кубанскиот челник.
„Пред многу години сега покоен мајор на кубанската армија ми раскажа дека бројноста на припадниците на личното обезбедување на Фидел Кастро достигнувало до 10.000. Прво, бил формиран цврст прстен околу него. Второ, на пример, кога Кастро бил поканет во некоја амбасада, специјалните сили вршеле темелни проверки и доколку било откриено какво и да е оружје кај некого, тој бил замолуван да оддалечи, во спротивно Фидел не се појавувал. Крај него во секогаш имаше личен готвач, тој не јадеше ништо што друг ќе зготвеше. Затоа, тој можеби ја имаше најдобрата безбедносна служба на од сите претседатели во светот“, додава поранешниот агент на CIA.
Американскиот претседател Барак Обама изрази во саботата сочувство за смртта на водачот на кубанската револуција Фидел Кастро. Обама кон крајот на 2014 година објави дека го започнува процесот на подобрување на односите со Куба, кои беа прекинати повеќе од шест децении. Во 2015 година двете земји ги отворија повторни дипломатските мисии, а во март истата година Обама ја посети кубанската престолнина Хавана. Сепак, американското трговско ембарго врз Куба наметнато од страна на Конгресот досега не е укинато../крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи
САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа погодени и голем број други ирански градови.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, тврди дека нападот ќе ја прекине безбедносната закана за САД и ќе им понуди на Иранците можност да ги соборат своите владетели. Израелската влада прогласи вонредна состојба поради очекуваната иранска одмазда со беспилотни летала и балистички ракети.
Иран одговори со испукување ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Иран, исто така, изврши напади врз американски воени објекти во Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Катар…
Се очекува говор на ајатолахот Али Хамнеи, објави Би-Би-Си, наведувајќи дека неговиот говор наскоро ќе биде емитуван. Не е јасно дали тоа ќе биде снимена порака или иранскиот врховен лидер ќе зборува во живо. Неговото моментално место на живеење е непознато. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, тврди дека, доколку тој знае, ајатолахот е жив, а Ројтерс претходно објави дека е префрлен од Техеран на „безбедна локација“.
Израелската војска во саботата попладне објави дека изведува нови напади врз ирански ракетни лансери, како дел од заедничкиот напад со САД врз Иран, додека Техеран, исто така, објави дека изведува нов бран напади врз американски цели во регионот.
Израелските воздухопловни сили „започнаа со прелети и моментално напаѓаат ракетни лансери во Иран за да спречат закана за Државата Израел“, се вели во краткото воено соопштение.
Пожар избувна пред луксузниот хотел „Фермонт Палм“ во Дубаи. Пожарот наводно бил предизвикан од остатоци што паднале од небото за време на ирански ракетен напад, а автентичноста на снимката ја потврди „Скај њуз“.
Fairmont Dubai Palm on fire. Heard loud explosion, stay safe pic.twitter.com/HLo8oS6dSc
— Alex | The Modern Freelancer (@alex_tfmg) February 28, 2026
Свет
Нов бран напади против иранските ракетни фрлачи почнаа израелските воздухопловни сили
Израелските воздухопловни сили спроведуваат нов бран воздушни напади против иранските балистички ракетни фрлачи, соопшти ИДФ.
– Воздухопловните сили почнаа операција и во моментов ги напаѓаат ракетните фрлачи во Иран за да ги отстранат заканите за државата Израел – се вели во соопштението на војската што го пренесе Тајмс оф Израел.
Свет
ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран
Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна на Техеран.
Седницата, која треба да почне во 16 часот (21:00 по Гринич), ќе биде посветена на „ситуацијата на Блискиот Исток“, соопштија Обединетите нации.
Средбата беше побарана од Франција и Бахреин, според израелската делегација во светската организација.

