Свет
Екс израелскиот претседател Кацав осуден за силување порано ќе излезе од затвор
Израелската комисија за помилување во неделата донела одлука да го пушти од затвор поранешниот израелски претседател Моше Кацав откако отслужи пет од седумте години затворска казна поради силување и уште неколку неморални акти, соопшти неговиот адвокат.
„Беше тоа многу долго патување. Денеска тоа патување е завршено со една разумна одлука на комисијата за помилување“, изјави Цион Амир за израелското воено радио, пренесува весникот Haaretz.
Судските власти не биле достапни за коментирање на поединостите од случајот. Но медиумите пишуваат дека ослободувањето од затвор на некогашниот претседател Моше Кацав е одложено за најмалку една седмица додека обвинителството не одлучи дали ќе вложи жалба.
Судот во Тел Авив на 30-ти декември 2010 година го прогласи Кацав виновен за двојно силување на подредена службеничка, за два неморални чина, од кои еден со примена на сила, како и за сексуално вознемирување на две службенички во претседателскиот кабинет. Исто така, Кацав е прогласен за виновен и за попречување на правосудниот процес.
Покрај седумте години затвор, поранешниот израелски претседател беше осуден и на две години условно и на глоба од 100.000 шекели, односно околу 25.000 американски долари.
Адвокатите на сега 71-годишниот Кацав рекле за новинарите дека поранешниот шеф на државата заплакал од среќа по одлуката на судот за негово предвремено пуштање од затвор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафах во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.