Свет
Еврејските доселеници на Западниот брег согласни да се иселат
Жителите на еврејската доселеничка населба Амона на Западниот брег (од реката Јордан), кој меѓународната заедница ја смета за окупирана од Израел палестинска територија, кои требаа да бидат принудно иселени, ја прифаќаат понудата на владата, изјави во неделата нивниот портпарол.
„Жителите на Амона одлучија да ја прекинат борбата и да ѝ дадат можност на понудата“, од владата изјави портпаролот на еврејските доселеници Офер Инбар, кого го цитира AFP. Додал дека жителите ја донеле одлуката со гласање, и тоа 45 биле за иселување, а 29 против.
Владата, како што се додава во соопштението на доселениците, за возврат им нуди „изградба на 52 куќи и јавни објекти во Амона“, во близина на местото на коешто досега беше оваа колонија.
Колонијата Амона, изградена на приватно палестинско земјиште, треба да биде урната на 25-ти декември, според одлуката на Врховниот суд на Израел. Амона е ткн дива населба, незаконита според правото коешто Израел го применува на најголемиот дел од Западниот брег, палестинско подрачје коешто Израел го окупирал во 1967 година.
Таа се најде во фокусот на бутката со политички, дипломатски и човечки влог, која последните седмици се заоструваше. Владата и претставниците на доселениците водеа вистинска војна на нервите во кој не се знаеше дали вторите ќе ја прифатат спогодбата или ќе го одбијат иселувањето со можност за судири меѓу полицијата и стотиците млади доселеници и припадниците на крајната десница кои се мобилизираа последните денови за да го спречат иселувањето./крај/мф/сн
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.