Свет
Ердоган за Алепо разговарал со Путин и Обама
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во четвртокот дека за ситуацијата во сирискиот град Алепо повеќепати разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, како и дека водел еден долг разговор со американскиот претседател Барак Обама.
Оваа интензивна дипломатска активност се одвивала додека илјадници цивили, како и бунтовници со нивните семејства од Алепо, вториот по големина град во Сирија, каде што во четвртокот по четири години владините сили успеаја да воспостават целосна контрола над источните квартови во кои беа утврдени опозициските и екстремните исламистички бунтовници.
„Најпрво разговарав неколку пати со Путин“, изјави Ердоган на заедничката прес-конференција со словенечкиот колега Борут Пахор.
Додаде дека „долго разговараше“ со американскиот претседател Обама за Сирија и за Ирак.
Турскиот претседател прецизираше дека со германската канцеларка Ангела Меркел разговарал за начините на кои ќе им се помогне на населението кое го напушта Алепо.
„Германија е подготвена да учествуваат на секој можен начин во хуманитарната помош“, рече Ердоган без да прецизира каде и кога е воден тој разговор.
Ердоган додаде дека околу 1.150 цивили и претходно евакуирани од бунтовничките позиции во источно Алепо пристигнало во соседната сириска покраина Идлиб, последното упориште на бунтот во Сирија.
Оваа евакуација е дел од договорот за примирјето коешто во вторникот го склучија бунтовниците со владините сили под покровителство на Турција и Русија, како гаранти за спроведувањето на договореното./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

