Европа
Авганистанци осомничени за напади врз Австријки на Нова година

Шестмина Авганистанци се осомничени за сексуални напади врз жени на дочекот на Новата година во австриското зимувалиште Инсбрук, соопшти во понеделникот тамошната полиција.
Полицијата идентификувала група мажи на возраст од 18 до 22 години кои во Австрија пристигнале како бегалци, изјави шефот на полицијата Мартин Киршлер на прес-конференција.
Тие намерно ги допирале 18-те жени и девојки додека тие го славеле пречекот на Новата година во овој град во покраината Тирол. Еден од нив признал, додека другите изјавиле дека не се сеќаваат на ништо, додаде Киршлер.
Инцидентите се слични на оние кои се масовно се случија на минатогодината прослава во Келн и други германски и европски градови, кога беа обвинети големи групи имигранти од северноафриканските и блискоисточните земји за ограбување, сексуално напастување и силување стотици жени./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лавров: Полска и балтичките земји би можеле да ги прекинат сите контакти со Русија

Руското Министерство за надворешни работи објави текст во кој министерот Сергеј Лавров одговара на прашања поврзани со ситуацијата во Украина и наведува дека дипломатските односи меѓу Русија и нејзините балтички соседи се пропаднати.
„Во Полска и балтичките земји веќе долго време се води русофобна кампања и тие се обидуваат да бидат соработници во антируските напори на Западот. Неодамна билатералните односи со овие земји се влошија катастрофално, а односите се практично сведени на нула“, рече Лавров, а пренесува „Гардијан“.
„Ние не сме за прекин на дипломатските односи. Дури и во најтешката ситуација потребно е да се одржат каналите за дијалог. Не можеме да исклучиме дека тие земји, поради нивниот антируски однос, ќе одлучат целосно да ги прекинат контактите со нас. Ако тоа се случи, тогаш одговорноста за овој чекор и неговите последици целосно паѓаат на раководството на тие земји“, додаде тој.
„Ние имаме намера да ги браниме нашите национални интереси, а противниците мора да разберат дека нивните постапки ќе имаат долгорочни последици. Руската дипломатија ќе продолжи да се придржува до основните принципи на надворешната политика на нашата земја, како што се независноста, почитувањето на меѓународното право, грижата за националните интереси и отвореноста за заемно корисна соработка“, вели рускиот министер за надворешни работи, пренесе „Индекс.хр“.
Европа
Ердоган: Можевме да ја пуштиме Финска во НАТО, но не и Шведска

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган навести дека би можел да го поддржи членството на Финска во НАТО, но не и на Шведска.
„Ако е потребно, можеме да испратиме поинаква порака во врска со Финска“, рече Ердоган во синоќешниот говор, пренесе турската новинска агенција „Анадолија“.
Турскиот претседател додаде дека „Шведска ќе биде шокирана ако испратиме поинаква изјава во врска со Финска“, истовремено предупредувајќи го Хелсинки да не ги прави истите грешки како Стокхолм.
По една деценија неутралност, двете нордиски земји поднесоа барање за влез во НАТО минатата година по почетокот на руската инвазија на Украина.
За да станат дел од алијансата, тие мора да добијат одобрение од сите членки, а Турција во моментот го одбива тоа повикувајќи се на безбедносни причини. Оттогаш дипломатските преговори се во тек за решавање на стравовите на Анкара.
Ердоган минатата недела рече дека Шведска не може да смета на поддршката на Анкара откога десничарски екстремист запали Куран во близина на турската амбасада во Стокхолм.
Унгарија, членка на НАТО, исто така сè уште не го одобрила членството на Шведска и Финска.
Европа
Ги чувале децата во вински подрум во Австрија, соседите се посомневале, реагира полицијата

Шест британски деца се спасени во Австрија кога беа откриени дека живеат во напуштен вински подрум со своите родители.
Полицијата соопшти дека нивниот татко е Том Лендон (54), член на десничарското движење Рајхсбургер, познат по негирање на холокаустот.
Социјалните служби биле повикани на имот во Обрица, во близина на чешката граница, кога локалното население се загрижило за здравјето на децата. Но, кога се обиделе да влезат, таткото ги нападнал со бибер-спреј, пренесува „Скај њуз“.
Потоа била повикана полиција, а таткото бил уапсен. Сепак, тој е ослободен кога платил кауција. Истрагата е во тек.
Децата, кои се на возраст од седум месеци до пет години, се пренесени на прегледи во болница заедно со мајка им.
Портпаролот на полицијата, Стефан Лоидл, изјави дека тие се „во добра здравствена состојба и не се занемарени“.
Децата моментно се згрижени од социјалните служби.
Локалните власти соопштија дека веруваат оти семејството живеело во нелегално скривалиште неколку месеци, но за нив имало поплаки во последните неколку недели.
„Надзорните камери пред подрумот беа особено вознемирувачки, а станарите понекогаш слушаа детски гласови во подрумот и штом ќе се приближат, сè ќе се смири“, изјави заменик-градоначалникот на Обриц, Ерик Грил.
Полицијата соопшти дека нема индикации за каква било сексуална злоупотреба на децата пронајдени во подрумот.
Лоидл додаде дека во подрумот биле пронајдени „пиштол, два самострела и неколку оружја со компримиран воздух“, објави пренесува „Скај њуз“.